|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2009 10:47:43   
mother 29





user posted image
Светскиот ден на детето се одбележува во знак на сеќавање на 20 ноември 1989, кога е усвоена Конвенцијата на ОН за правата на детето, која на едно место ги собра сите човекови права кои им се признати на децата како посебна група, што било новина во меѓународното право.

На Конвенцијата на ОН за правата на детето и претходеше Декларација за правата на детето во 1959 година, како прв документ во светот кој исклучиво и целосно се занимава со правата на детето.

Вложувањето во децата е вложување во иднината – ова е чест слоган на ОН кој се однесува на детската популација. Меѓутоа наспроти конвенциите и декларациите, децата денес во поголемиот дел од Планетата стануваат жртви на разни облици на насилство, оружени судири, трговија со бело робје, експлоатација со разни облици, од илегална работа до сексуално искористување...
user posted image
Во 25 најсиромашни земји на светот, детето кое ќе се роди денес, нема да доживее 50 години, додека бебињата родени во развиените и богати земји ќе наполнат 78 години.
Повеќе од 153 милиони деца, помлади од пет години моментално се на работ на смртта поради глад, а секоја година најмалку шест милиони дечиња не го дочекуваат петтиот роденден поради неисхранетост и болести предизвикани од глад.

Поразителен е податокот дека секоја година повеќе од 150 милиони девојчиња и скоро 80 милиони момчиња ширум светот се жртви на сексуално насилство, додека помеѓу 133 и 275 милиони деца се сведоци на семејно насилство.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2009 15:54:35   
mother 29
море што убав ден  е а никој ништо не искомeнтира за децата!?user posted image

ајде поправен!user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2009 16:02:33   
nadica
еве ме мене user posted image user posted image user posted image

навистина поразителни и застрашувачки податоци кои оставаат без коментар


среќна сум што можам да ги задоволам основните потреби на моето дете

< Поракaта ја уредил Еца -- 20.11.2009 16:06:12 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2009 16:10:58   
Еца
не сум ја видела темата, се извинувам! Вложувањето во децата е вложување во иднината. Жално е што не секој може да вложи доволно во своите децаuser posted image Колку лошо звучи фактот дека во зависнот каде си роден толку ќе живееш. Треба сите деца подеднакво да се третираат, сите знаеме дека животот е непроценлви, но за некои привилегија, за некои пекол...  Но уште полошо звучи фактот дека секоја година повеќе од 150 милиони девојчиња и скоро 80 милиони момчиња ширум светот се жртви на сексуално насилство, додека помеѓу 133 и 275 милиони деца се сведоци на семејно насилство.

Тажноuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2009 18:37:00   
jovanka
Mnogu me raduva sto kako den e spomenat i vo ucebnicite najnovite za devetoletka.Denes koga dojde od uciliste kako sto ja obrabotuvale temata sekoe dete na livce napravilo potsetuvanje do roditelite deka denes e megunarodniot den na decata.Golemo bravo do nastavnickite i ministerstvoto sto ja realiziraat ovaa nastavna sodrzina.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2012 11:54:07   
Pepelaska *
Само мало потсетување, денес е денот на нашите најмили, денот на сите дечиња.
Да помислиме на нив, на оние кои немаат и кои живеат во свет на војни.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2012 12:00:29   
Ring
Prakam user posted image user posted image user posted image user posted image za site deca na koi im e uskratena majcinata ljubov i nega

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2012 13:22:48   
kikicka
Нека сите деца во светот имат безгрижно детство!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2012 13:28:44   
Cipi Ripi

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Нека сите деца во светот имат безгрижно детство!

Баш така! Дај Боже!

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Денес е мегународниот ден на детето!
20.11.2012 13:38:34   
kikicka
Да Ципи рипи , иако е невозможно за оние кои живеат каде што има гладување и Војни!user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Нека сите деца во светот имат безгрижно детство!

Баш така! Дај Боже!



_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?