|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Совети за секој од нас
16.3.2009 6:56:16   
Еца
Eve predlagam sekoj koj znae po nekoj sovet,da ni pisuva tuka,pa taka ke mozeme da go razmenuvame naseto znaenje i da si pomagame so sovetiteuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 21.3.2009 15:47:33 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Soveti za sekoj od nas
16.3.2009 7:01:55   
Еца
Sokot od borovinki sprecuva infekcii:"Mikrobiolozite od univerzitetot vo Oslo,Finska,utvrdile deka sokot od borovinki moze da bide korisen za licata sto stradaat od cesti urinarni infekcii.Zasega ne se vo moznost da objasnat na koj nacin borovinkite dejstvuvaat vrz infekciite na mocnite patista,no pretpostavuvaat deka visokoto nivo na proantocijanidinot(vid tanin)go sprecuva razvojot na ovaa bolest."
Zatoa na site koi stradaat od utinarni infekcii im se preporacuva sok od borovinki.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Soveti za sekoj od nas
20.3.2009 11:37:08   
kati
за уринарни инфекции исто така е добар чајот од брусница како и увин чај

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   Совети за секој од нас
30.3.2009 13:28:05   
Sanja
Теглата не се отвора
Доколку безуспешно се обидувате да го отворите поклопецот од теглата послужете се со следниот трик. Навалете ја теглата од страната кај поклопецот кон некој извор на топлина и држете околу 15 секунди. Без проблем ќе се отвори.


< Поракaта ја уредил Elena -- 30.3.2009 14:18:35 >

(Одговор на членот kati)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Совети за секој од нас
30.3.2009 14:22:28   
Еца
Еј Сања овој совет е супер, сигурно ќе ми се најде, фала и пиши уште нешто ако знаешuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Совети за секој од нас
1.4.2009 6:50:42   
Еца
Кога правите салата од домати, секогаш треба да се отстрани зедлениот дел кај рачката, бидејќи во него се наоѓа еден токсин кој е штетен.Добро е да знаете дека зрелиот домат има повеќе витамини А и Ц од полузрелиот.

< Поракaта ја уредил Elena -- 1.4.2009 6:51:01 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Совети за секој од нас
1.4.2009 6:52:27   
Еца
Ако сирењето е стврднато од многу стоење, оставете го неколку часа во ладно млеко.Така сирењети брзо ќе омекне и ќе ги врати вкусот и свежината.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Совети за секој од нас
1.4.2009 6:53:45   
Еца
Зеленчукот ќе ви остане подолго време свеж ако го завиткаме во хартија од весник или во алуминиумска фолија преде да го ставиме на ладно и темно место.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Совети за секој од нас
1.4.2009 6:55:11   
Еца
Пирето од компир ќе биде повкусно ако во него ставиме парче путер , а ќе ја задржи белата боја ако му сипеме малку зовриено млеко.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Совети за секој од нас
10.4.2009 22:14:29   
mis.
За да имате секогаш убаво сирење кое не е исушено направете си дома пресол за сирење.Тоа се прави на тој начин што во садот кај ќе го чувате сирењето ќе ставате вода и сол.За да видите колку сол е доволно во водата ќе ставите едно живо јајце,ќе ставате сол ќе мешате истовремено се додека јајцето не се подигне нагоре и не излезе на површината.Јајцето треба да е надвор од водата колку еден денар,тогаш солта е доволна и во неа може да си го чувате сирењето.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Совети за секој од нас
6.5.2009 22:44:14   
biljanaM
го пробав тоа со отварање на тегла...функционира,user posted image
а јас маки мачев додека да отворам тегла, де со нож, де вака...


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Совети за секој од нас
4.6.2009 8:33:37   
mami
КОга ке дојдете во искушение да купите нешто што не ви е потребно, погледнете ја цената, а потоа размислете колку време ви било потребно за да ги заработите тие пари..

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Совети за секој од нас
4.6.2009 10:24:36   
Anushka
ако сакате тоалетот да ви биде секогаш блескав, веднаш по чистењето, на суво, со сува крпа на иноксните/метални делови и пластиките по тоалетот, намачкајте и исполирајте со беби-масло или некоја масна крема (вазелин).
На овој начин капките ќе „бегаат“, нема да останува грд креч, а вие нема да морате да бришете нон-стоп.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Совети за секој од нас
11.6.2009 8:50:41   
Еца
 Каранфилче како лек.Доколку сред ноќ ве разбуди силна забоболка, болката ќе се смири десетина минути откако ќе го изедете миризливиот цвет на растението. Исто така доколку забележите дека непцата ви се зацрвенети и подуени, направете чај од каранфилче. Сварете 200 милилитри вода, па прелејте ја преку три цвета од каранфилче и оставете ја да отстои 10-ина минути. Со дел од  чајот измијте ја усната празнина а преостанатиот дел искоритете го за пиење.

Каранфилчето има антисептичко и антивоспалително дејство и е подобро од било кое фармаколошко средство за елиминирање афти и забоболка.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Совети за секој од нас
11.6.2009 9:00:47   
Mammy
Како да чувате магданос..
Кога ќе купите магданос, измијте го добро и ставете го во пластична кутија..
Ќе трае 4-5 пати подолго отколку да стои во ќеса. Така во секое време е свеж..

Уф јас знам многу такви совети и за чистење и за приготвување на храна..козметички трикови исл..
Ќе ви пишам уште многу..






_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Совети за секој од нас
9.7.2009 0:17:56   
biljanaM
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

КОга ке дојдете во искушение да купите нешто што не ви е потребно, погледнете ја цената, а потоа размислете колку време ви било потребно за да ги заработите тие пари..


хахаха....Мами да знаеш дека е така.....ама јас како што не работам....user posted image


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Совети за секој од нас
9.7.2009 8:31:59   
mami
јас додека не работев мила ми беше срам да му побарам пари на мм, ако ми остави пред да оди на работа ок, ако не ништо, цело време си викав- не работам, немам право да му ги земам парите и сл...чудна сум во тој поглед...ама ете така си мислев 

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Совети за секој од нас
12.7.2009 0:21:24   
Еца
Еве интересни, но делотворни совети за секоја од нас user posted image

* Ако месото кое го приготвувате не омекнува, во сосот додадете малку сода бикарбона и веднаш ќе забележите голема разлика.

*Ако не го сакате јакиот мирис на морската риба, тогаш кога ќе ја подготвувате, отстранете ја тенката кожичка од неа и рибата од внатрешната страна протријте ја со сол и оцет или сок од лимон.

*Ако супата е премногу солена, ставете излупен жив компир и варете уште 15-тина минути.

* Ако сте гризнале многу лута пиперка не пијте вода, затоа што на тој начин само ќе го засилите дејството на лутината. Подобро е на јазикот да ставите малку сол, која ќе ја ублажи лутината.

* На сите јадења кои ги подготвувате од мелено месо додајте малку лимонов сок и ќе бидат многу повкусни.

*Ако сирењето станало тврдо и суво не мора веднаш да го фрлите. Ставете го во млеко неколку часови и повторно ќе ја врати својата свежина.

*Ако немате прашок за печиво, земете рум. 3-4 лажици рум на тестото ќе делуваат исто како прашокот.

* Ако супата ви изгледа премасна, ставете едно парче стар леб кој ќе ја собере маснотијата. Истото можете да го изведете и со ладна супена лажица, која ако ја ставите во супата ќе ја собере околу себе маснотијата.

* Ако сакате сувото грозје да не ви пропадне во долниот дел на колачот, туку да биде рамномерно распоредено, тогаш пред да го ставите извалкајте го во брашно.

* Ако не сте сигурни дека јајцата се свежи, а вам ви треба цврст шлаг, тогаш пред да го вклучите миксерот, ставете малку сок од лимон. ●


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Совети за секој од нас
12.7.2009 0:23:21   
nenicka
Ќе мозе ли да ми казеш какво е тоа  каранфилче  и каде може да го најдам.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Совети за секој од нас
12.7.2009 0:31:35   
Еца
Неничка го има во сите поголеми маркети, спакувано како бибер, ванилин шеќер...прашај и ќе те упатат вработените.Инаку јас го памтам уште како дете мајка ми го користеше.Мали се ситни црни. Поздравчеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nenicka)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Совети за секој од нас
12.7.2009 0:34:49   
Еца
Ајде уште некој совет

*Плочите од електричниот шпорет секогаш треба да се чистат со средство за хромирани предмети,а може да употребите и вата натопена во оцет или чист алкохол.

*Најприродно внатрешниот дел од фрижидерот ќе го исчистите со крпа натопена во оцет.

*Чашите кои редовно ги употребувате и ако се мијат во машината за садови,на нив остануваат бели дамки поради тврдата вода.Затоа одвреме навреме чашите треба да се измијат со топла вода во која се додава малку оцет,а потоа се плакнат  со ладна вода и одма се бришат.

Чашите и другите стаклени садови,кристалното стакло или керамиката која долго не сте ја употребувале,бараат повторно миење за да бидат сјајни.Најпрвин се оставаат некое време во жешка вода а потоа се мијат со топла вода во која сте додале неколку лажици сода бикарбона и вообичаената количина на детергент.Потоа се мијат и се бришат.

Чашите и стаклените садови освежете ги така што 15 минути ги оставате во ладна вода во која сте додале излупен компир исечен на плочки и неколку  лажици оцет.По ова се мијат и се бришат со крпа.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Совети за секој од нас
2.10.2009 7:50:30   
profesorica


Брзи совети за снаоѓање во кујната.


1 Белките од јајцата би требало секогаш да се на собна температура пред да ги матите.

2 Варениот ориз има три пати поголем волумен од несварениот, додека сварениот грав има 2,5 пати поголем волумен.

3 Доколку сте во можност, загејте ги малку чиниите. На тој начин, храната подолго ќе остане топла кога ќе се послужи.

4 Ако сте пржеле храна во масло за јадење, по пржењето ставете ја на салфетки за да се впие маснотијата.

5 Пилешкото месо, за да омекне, се маринира во кисела павлака, а црвеното месо во вино.

6 За да го ублажите мирисот и вкусот на лукот, најпрвин пропржете го, па додадете го на јадењето.

7 Смрзнато месо е подбро да го оставите да се одледи во фрижидер преку ноќ, отколку на работната површина полна со бактерии.

8 Додадете малку лимон во водата во која варите артичок, за да ја задржи својата природна боја.

9 Старата салата никако не ја мешајте со новата. Подобро пропржете ја со маслиново масло и лук. На тој начин ќе добиете убав прилог кон јадењето.

10 Еден начин да го сочувате вкусот на свежите зачини е да ги пропржите со путер и потоа смесата ставете ја во фрижидер. Може да ја користите со морски плодови, пилешко месо или убаво запечено лепче.





_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Совети за секој од нас
2.10.2009 12:02:57   
mother 29
на свежо цеден сок после 30 мин.  му се смалува количеството на витамини за 70 %.
затоа мамички,кога ке го направите ,пожелно е веднаш да се испие, ете  зашто не треба да стои!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Совети за секој од нас
6.10.2009 12:31:11   
big_mama817
За поубав накит
Накитот мора редовно да се чистите, особено ако се носи секој ден. Најдобро ќе го сторите тоа ако го ставите да се кисне во млака вода, а потоа да го истриете со мека четка за заби натопена во оцет или сода бикарбона.

Дезинфекција на бањата
Иако повеќето луѓе за чистење на бањата употребуваат јаки хемикалии, постојат и послаби средства кои чистат подеднакво ефикасно. Во тоалетната школка ставете 150 мл неразреден вински оцет и истријте ја со четка. За дезинфекција на пак растворете 10 капки масло од каево дрво во 115 мл вода.

Трик за ѕидот
Чистите боени ѕидови и оние со тапет најлесно се чистат со правосмукалка. За масните дамки на ѕидните тапети прекријте го валканото место со впивачка или кујнска хартија и поминете преку него со топла пегла. На тој начин хартијата ќе го впие вишокот маснотии.

Ослободете се од молците
Сами направете средство против молци така што ќе наполните кесички со сува лаванда, мешавина од рузмарин и нане, сушен тутун, зрна бибер или парчиња керово дрво. Кесичките ставете ги на местата каде што најчесто се јавуваат молци и проблемот е веќе решен.



_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Совети за секој од нас
7.10.2009 11:14:22   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Ова се некои податоци кои ги најдов, ако имате уште нешто пишувајте

Оризот и тестенините имаат приблизжно иста калориска вредност, меѓутоа оризот многу подобро се апсорбира во организмот, што подразбира и подобро искористување на хранливите состојки.

Белиот шеќер има само малку повисока калориска вредност од кафеавиот- односно во 100 грама бел шеќер има 396 калории а во кафеавиот- 373

Бананата содржи многу малку масти и има 90-95 калории, нејзиното конзумирање не може да предизвика зголемување на поткожното масно ткиво



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?