|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   За бебе повеќе не треба ниту жена, ниту маж, ...
3.11.2009 12:19:55   
ripce
Нашата цел е да откриеме како се создаваат спермата и јајце клетките бидејќи не знаеме речиси ништо за човечкиот репродуктивен развој, изјави д-р Рељо Пера

Американските научници создадоа човечка сперма и јајце клетки од ембрионални матични клетки. Ова откритие кое објавено во најголемото светско научно списание Nature, отвара нови можности во лечењето на неплодноста.

- Нашата цел е да откриеме како се создаваат спермата и јајце клетките бидејќи не знаеме речиси ништо за човечкиот репродуктивен развој. Се надеваме дека тоа еден ден ќе помогне во лечењето на неплодноста која во просек се појавува кај 10 до 15 отсто парови - изјави д-р Рене Рељо Пера од Универзитетот Станфорд која го водеше пет годишното истражување.

Извор на ткивата и органите

Иако до сега имало неколку слични најави (последниот пат во јули оваа година), студијата на американските научници нуди нај убедлив доказ дека од ембрионални матични клетки во лабораторија може да се создадат репродуктивни клетки. Ембрионалните матични клетки популарно ги нарекуваме „волшебно семе“ бидејќи од нив се создаваат сите 220 видови на човечкото ткиво.

Од 1998 година, кога по прв пат биле изолирани во лабораторија, ембрионалните матични клетки ги заинтригираа научниците како можен извор на ткива и органи во трансплантацијата и како потенцијална терапија во лечењето на дијабетесот, срцевите заболувања, повредите на рбетната срж, Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.

Големи етички дебати

Но, истражувањето на ембрионалните матични клетки предизвика многу етички дебати бидејќи со тоа се уништуваат ембрионите отфрлени по абортусот или вештачкото оплодување. Користејќи ги ембрионите донирани по вештачкото оплодување, научниците од Станфорд открија „генетски рецепт“ кој води до создавање на репродуктивни клетки.

Тоа отвора можност за создавање на вештачка сперма и јајце клетки, што кај неплодните мажи и жени ќе им овозможи да имаат сопствени деца. Сепак, тие истражувања се во почетна фаза и ќе треба барем уште пет години да се утврди нивната безбедност и да се отстранат некои можни етички пречки.

Златко Шимиќ: А кој ќе клонира тетки?

Ете, дојде и тој ден. Повеќе не ни требаат ниту мажи, ниту жени. Ни Адам и Ева, ни јаболко и безгрешно оплодување. Не ни треба ни мајмунот на Дарвин, бидејќи како во инстант кафињата, имаме две во едно - вештачка сперма и јајце клетки.

Што ќе излезе од тоа, се уште не ни кажаа американските научници, чија сензација најверојатно ќе трае колку што трае подвижноста на вистинските машки сперматозоиди.

Или пак траењето на овулацијата, како сакате.

Какво ќе биде детето од тоа „волшебно семе“ ако се комбинира со јајце клетка од ембрионални матични клетки? Дали во упатството за примена на ова откритие пишува дека вештачката сперма може да се користи во комбинација со природна јајце клетка? Или пак обратно, кога природна сперма би се комбинирала со вештачка јајце клетка. За сега ништо не знаеме за тоа, бидејќи научниците во улога на Господ одлучија да прозборат само за помош во лечењето на неплодноста.

Ако успеале во овој благороден чин и ако им помогнат на паровите кои имаат таков проблем, тогаш навистина треба да им се честита.

Но, истражувањата се во почетна фаза и претпоставките се дека ќе треба да поминат уште пет години додека не се утврди безбедноста.

Не е објаснето ниту на кој начин ќе се експериментира со овој инстант - производ.

Нема сомнеж дека ќе се експериментира и на луѓе и веројатно редот од доброволци ќе биде долг, кои се подготвени на ова.

Науката се развива и тоа е добро, но некако подобро би прочитале вест дека пронашле некоја инстант - храна за која редот во нивните лаборатории би бил многу подолг.

Храна за живите деца кои дневно умираат на илјадници. Или пак да измислат таблета за лечење на глупости па таквите да не даваат откази на жените кои во себе носат нов живот, таблета за криминалците да не ја осиромашуваат својата земја. Но науката е немилосрдна кон сегашноста, бидејќи секогаш истражува нешто што ќе се случи во иднината.

За нив е успех и кога ја бомбардираат соседната планета во потрага по вода, а со своите откритија ја загадија водата на Земјата.

Сето тоа се успеси, а тоа е и овој изум - создавање на вештачки живот, кога веќе не можеме да помогнеме на вистинскиот. Поради тоа, уште еднаш да им честитаме и да се надеваме дека некој институт ќе клонира доволно тетки за сите детски градинки.
Непосредна врска до пораките: 1
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?