|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Породилни болки
3.6.2009 18:07:42   
Natasha5
Гледам скоро сите веке имате искуство со породување па бидејки ми се неблизува порагајот,ве молам да ми помогнете и да ми дадете сивети за породилните олки,односно како да го препознаам и кога треба да се тргне во болница.И други работи што треба да ги знам.
Благодарам
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Породилни болки
3.6.2009 20:12:47   
Еца
Леле Наташа јас родив, но болки немав, ја надносив Мартина и баш при крај постојано си ги поставував овие прашања, па како ќе знам дека се породилни болки, па што ова, па што она...но од болки, ни б...ми ставаа и провакции, ме мачкаа и некој специјален гел за да се отворам, ништо, на крај не можеа да чекаат и морав на царски, аи мене многу ме интересира ова зошто и јас сум влезена веќе во 8, па добро е да знам што е и како е...user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Породилни болки
3.6.2009 20:25:42   
Natasha5
Леле многу ме интересира дали ке ги препознаам болките и дали ке стигнам во болница на времеuser posted image  бидејки ова е ново искуство,мозе после ке си се смеам самата на себе како сум мозела да си поставувам вакви прашања ама тоа е кога не знаеш како е.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Породилни болки
4.6.2009 8:04:25   
mami
еве ке ви раскажам како ми беше мене...јас на 31.05 цел ден си бев излезена, ама буквално цел ден, вечерта со кумовите и уште еден пар бевме на отварање на Баскерфест и после тоа отидовме кај кумовите дома..мене цел ден нешто ме стегаше долниот дел од стомакот ми доаѓаа некои болки ама ај си викам ништо не е, од топлото од гужвата...арно ама кај 22ч почна убаво да ме стега, а и долу некако чудно си се чувствував, неможев да седам на едно место шетав цело време..кумата ми вика- абе ај кажувајми на колку време ке те стегне и јас сфатив  колку е сааатот ама ај да не ги испаничам нив, а и не ми се одеше нигде и криев по две контракции и она гледа- а на 20 мин. ти се, имаш време маче, ама кај и да е ќе ни се породиш. и веќе околу 2 сабајлето му викам на мм ај да си одиме уморна сум и кога влеговме во кола му викам- мене ми се контракциите на 7-8 мин. значи утре не ни бега..сакаше да ме носи директно во болница ама недела, 3 сабајле на дежурен да се пораѓам- нема шанси . си отидовме дома, си ја прегледав торбицата уште еднаш и око неможев да затворам е веќе кај 5.30- 6 викам ајде време е, нема да чека уште многу. Таму ме прегледаа 4 прста отворена веќе. во 10.05 Лука се роди..водењакот таму ми го дупнаа и од што ми беше страв не се сеќавам како бешеuser posted image
инаку контракциите ги чувствував како стегање во долниот дел од стомакот, и само сакав да легнам и да се свиткам со колената нагоре...

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Породилни болки
4.6.2009 9:48:35   
niki
Eve go moeto iskustvo, neznam dali e pametno tie sto prv pat se poroduvaat da go citaat, bolkite  se prepoznavaat bez ogled na toa dali  nekoj prethodno ke vi kaze ili  ne kakvi se . Jas prethodno neznaev kakvi bolki se toa no koga dojde casot razbrav sto sledi.
Otkako vlegov vo deveti mesec go cuvstvuvav glavceto na deteto kako dolu nisko udira, najmnogu go cuvstvuvav navecer i sekoja vecer ke me stegnese nesto vo stomakot tolku silno sto ne ke mozev da se mrdnam dodeka ne pominese bolkata i posle ke cekav i ke cekav ama ne se povtoruvase. Denta pred terminot, maz mi mnogu mi go galese stomakot i bebuska bese mnogu aktivna, ama bolki uste nemav. Vecerta vo 11:45 mi pukna vodenjakot, a bolki uste nemav. Se spremiv i na dezuren vo bolnica, dodeka stignavme seta tecnost bese veke istecena, utop mokra bev, me pregledaa, 1 prst otvorena i me stavia na patoloska bremenost da lezam. Majka mi mi rece dda ne spijam tuku da setam cela nok polesno ke sum se porodela. I taka si setav i po nekoe vreme pocnaa da idat bolkite. Prvo traea kratko, no kako pominuvase vremeto bea se pocesti i se podolgo traea i zastanuvav megu krevetite se podnavednuvav nanapred i taka polesno gi podnesuvav. Naredniot den vo 12 me premestija vo porodilna sala, otvorena 4 prsta. Tamu celo vreme lezev priklucena na CTG i toa mi bese najteskiot del od poroduvanjeto. Koga stanuvav za da me pregledaat mi bese polesno da gi podnesuvam bolkite. Edna sestra ni pokaza kako da zastaneme i dlaboko da diseme za polesno da pomine kontrakcijata. Nozete rasireni, glavata navednata nadolu, so racete napred se pridrzuvas za krevet i dises dlaboko. Jas bolkite gi cuvstvuvav dolu nisko i vo predelot na polovinata i mnogu mi bese tesko sto nemase koj da me masira, zatoa treba mazot da bide so zenata koga se poroduva.
Vo sest  casot pak me pregledaa 4 prsta otvorena mi stavija klizma bev vo WC i go prasuvam doktorot koga ke se porodam, a toj mi vika do 12 sigurno i pak me stavija na CTG. Po dvaeset minuti gi pocuvstvuvav naponite, kako koga odis po golema nuzda no mnogu pobolno i se isplasiv tolku mnogu od taa bolka sto vristev po sestrite. Koga me vidoa rekoa ideme na box ke se porodam. Tamu doktorot mi objasni koga ke pocuvstvuvam napon deka treba da zemam dlaboko vozduh i da napinjam bez da go ispustam vozduhot. Prviot pat ne mi uspea, ama bolkite  bea mnogu silni i si rekov stiskaj zabi i slusaj sto ti zboruvaat da pomine pobrzo. So vtoriot napon rekoa deka izleglo glavceto i so tretiot go vidov kako go podigaat sestrite bebceto a mene me ispolni nekoja blazena sostojba, poccuvstvuvav olesnuvanje, site bolki isceznaa edinstveno sto cuvstvuvav bese umor i zelba da si go gusnam bebeto, ama vednas go odnesoa na pedijatar bidejki imase goltnato voda i papocnata vrpca mu bese vrzana vo cvor okolu vratot. Po dva casa bevme zaedno vo soba, gusnati, se bese vo red so dvete.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Породилни болки
4.6.2009 9:53:18   
mami
user posted image user posted image user posted image ах тој прв момент кога ќе го видиш надвор од тебе...девојки не се секирајте, ке препознаете кога ке дојдат болките, Ники убаво ви опиша...само храбро и се ке помине многу бргу

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Породилни болки
4.6.2009 21:34:22   
Natasha5
леле фала ви многу на сите,убаво е да си информиран што те чека.Нормално различно е кај сите ама сепак.....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Породилни болки
28.6.2009 15:56:45   
Еца
Доколку ова ви е прва бременост, можете да препоставете дека едноставно ќе знаете дека треба да се породите. Во реалноста, вистинскиот почеток на породувањето не е лесно да се препознае и настаните кои водат до породувањто можат да траат со денови. Исто така запамтете дека одредениот термин на породување е само ориентација-нормално е породувањето да започне три недели порано или две недели покасно од одредениот термин на пораѓање.

Како ќе знаете дека породувањето започнува? Прво треба да го сфатите процесот на породување. На кратко ова се случува при породувањето- матката започнува да се контрахира ( да се стега и опушта), предизвикувајќи истенчување и отварање на цервиксот (вратот на матката) така да можете да го истиснете бебето надвор од матката.

* Чувство на оленување: Ова се случува затоа што главата на бебето „паѓа“ во карлицата. Вашиот стомак одеднаш ќе изгледа поставен подолу и полесно ќе дишете. Лошата страна е тоа што сега бебето притиска на мочниот меур така да ја зголемува потребата од мокрење. Кај мајките кои раѓаат првпат ова обично се случува неколку недели пред породувањето. Кај повеќеротките ова може да се случи дури со започнувањето на породувањето.
* Крвав исцедок: доколку имате крвав исцедок тоа значи дека цервиксот е доволно дилатиран, проширен, за да отпадне мукозниот чеп кој стоел изминатите девет месеци. Ова е добар знак но активното породување може сеуште да е неколку денови покасно.
* Бебето се движи помалку: Жените често приметуваат дека нивното бебе е помалку активно на денот пред самото породување. Никој не знае зошто ова се случува но се претпоставува дека бебето едноставно штеди енергија за големиот настан. Доколку забележите помалку движења контактирајте со вашиот гинеколог.
* Прскање на мембраните („водењак“): При прскање на амнионската обвивка, ќе почувствувате како ви тече течност од вагината. Кај многу жени породилните контракции започнуваат кратко потоа. Кај околу 1 од 10 жени контракциите не започнуваат сами од себе во наредните 24 часа. Доколку тоа се случи може да има потреба од индуцирање на породувањето со лекови, бидејќи ризикот од инфекција по прскањето на заштитната стерилна обвивка на бебето се зголемува со секој изминат час. Кај некои жени амнионската обвивка не прска се додека породувањето не е започнато.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Породилни болки
17.7.2009 19:18:34   
Natasha5
eve sega da kazam za moeto iskustvo.se prasuvav dali ke gi prepoznaam bolkite.Mene prvo mi pukna vodenjakot bez bolki taka da jas veke gi ocekuvav i znaev neli?a inace sigurno
ke gi prepoznaete bolkite-za onie koi prvpat se bremeni.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Породилни болки
30.8.2009 17:35:24   
Bile
Sabajle koga stanav imav uzasna bolka na ednata strana na stomakot a kicmata obavezno me boli pri opteretuvanje. E sega na CTG pred dva dena mi pokaza deka imama sitni ama cesti bolki koi jas normalno ne gi cuvstvuvam. Dali ima sansi nabrgu da se sluci raganjeto ili vaka ke teram do termin neznam iako ova mi e vtora bremenost. Kazete mi dali kaj vas dragi prijatelki posle sitnite bolki uste kolku vreme vi trebase do raganje ma da znam deka segade e individualno.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Породилни болки
2.9.2009 10:37:54   
mami
последен пат бев на преглед 2-3 дена пред да се породам и ми рекоа дека на ЦТГ виделе слаби контракции..тоа беше мислам петок јас во неделата се породив...освен тоа други болки немав

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Породилни болки
14.9.2009 19:49:24   
Весна
Не можев да најдам посоодветна тема кај да си ја кажам загриженоста, па еве овде решив.
По мизеријата во државна-дежурно, се некако ми е шубе и ме фаќа страв од предвремено пораѓање. Предвремено мислам сега, за некоја недела, а пусто кај во 25 недела сум. Ама по болката што ме фати пред некој ден и ме држеше неколку часа (веќе си ја пишав и оваа мака http://www.ringeraja.mk/forum/m_17906/mpage_3/key_/tm.htm ) и од она што го читав околу породилните болки никако да ми се тргне грозната мисла. Знам дека болките кај препоните се чести кај многу трудници, ама мене препоните воопшто не ме болат, барем не сега за сега. Кога седам или лежам подолго на една страна, троа повеќе ме боли ниско кичмата, а пусто немам голем стомак, сите од око ми даваат четврти месец, а јас еве медицински сум на почеток од шестти. Бебето си е супер, дури една недела е понапредна, но на неколку досегашни прегледи беше поставена со главчето надоле.
И сега страв ми е пак да не ме здоболи и што тогаш да правам. По некоја моја лаичка логика си викам дека ме подболува затоа што малата се мести, си шета, се тегне, ама па така ниско доле дури до болка да стигне, уф, некако не ми е на арно user posted image
Некаков коментар, плииииииз?!
Чек, еве и една насмевка user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Породилни болки
14.9.2009 20:07:13   
Палешка РР
Еве јас како најблиска со неделите да ти одговорам. user posted image
Сега е период кога бебето најзабрзано расте, значи заврши органогенезата и останува само да се доразвијат белите дробови, мозокот и бебето да добие мускулна маса и тежина. Материцата треба да се прошири, сите органи околу неа да се наместат, а бебето во овој период е најразиграно и има најостри движења затоа што се уште има доволно место за пливање user posted image .
Значи, според она што ги знам, организмот се ги прави потребните подготовки и затоа не само ти туку и јас понекогаш чувствувам болка долу и во половината (најчесто кога долго стојам на нозе). Големината на стомакот и јас утврдив дека нема врска, обично за прво дете стомакот е помал, што беше случај и со мене во првата бременост. А бебето си се врти сеуште, не зазема позиција која ќе биде конечна. Моето беше како седнато на последниот преглед, ама сега чувствувам дека нозете му се горе.
Мислам дека нема причина за паника, ниту за грижа, но за да си олесниш појди кај матичниот лекар, па супер и ќе си ја видиш бебушката user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Породилни болки
14.9.2009 20:26:53   
Весна
Оооооој Палешка, на тебе најмногу ти успева да ме утешиш. Сите овие работи мноооогу добро си ги знам, ама ах какво олеснување е кога од некој друг ќе ги чуеш како потврда. А инаку денес си ја видов ептен на кратко, смешна една, нога преку нога и се смее. И мрда ли мрда, и нозе и раце, да не знаеш кое каде е! И му кажував на матичниот за случката од државна, и само што му спомнав дека од страв сум се стрчала на дежурна, веднаш ме праша што бисер кажале. А оно не еден... ни пола од глупостите што ми кажа дотичната „специјалист гинеколог акушер К.Б.“ не сум ви ги кажала, небитни се.
Туку, фалаааааа за одговорот! user posted image

Уф, колку ве испогушкав вечерва! user posted image

user posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Породилни болки
17.10.2009 11:02:18   
profesorica
Читам и пак во себе си потврдувам дека секоја жена е приказна сама за себе.

Еве го моето искуство по ова прашање:

Мојот термин беше на 20ти јуни 2008.Мене на 31ви ноќта спрема 01 ви јуни ми пукна водењакот, одма во болница ме видоа на ЦТГ и воопшто не бев отворена а немав ни болки.ме примија на патолошка да лежам.и почнаа болките ноќта дури на 1ви значи кога беа изборите, јас почнував да урлам таму..user posted image user posted image user posted image мислев дека ќе се породам на 1ви ама никако да се отворам, 2-3 прсти се отворив дури сабајлето на 2ри јуни и тогаш ме качија горе и ми ставија чепче, па пак на ЦТГ ама почнаа болките да ми стануваат јаки.се држам за кревет и викам, многу јаки болки имав.и доаѓа една од сестрите и ми го гледа ЦТГ-то и вика:имаш болки????викам:аха вика:па тука ништо не покажува, охоооо ти уште 2 саати вака ќе бидеш!!!! викам:МОЛАМ!!!!

и среќа се појави најдебелата врска и тогаш ми ставија епидурал и малку се смирив, инаку...не сње издржуваше, заедно со епидуралот ми ставија и синто за брзо отварање и за два саати почнав да добивам јаки нагони за по голема нужда.сестриве никаде ги нема.....и ај на крај дојде таа бабицата што ме пораѓаше-Андријана и ме провери колку сум отворена и ми вика ајде напниuser posted image user posted image user posted image и јас ја гледам??????вика:ти си спремна за раѓање ајде станувај ќе раѓаш и ајде пешки до боксотuser posted image user posted image user posted image и за 10 минути го родив со 2 напнувања готово беше.не болеше воопшто.потоа одма ми го дадоа во раце и 2 саати си лежевме си спиевме на бокс-односно тој спиеше јас го зјапав и така.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Породилни болки
17.10.2009 16:57:04   
zorica bt

I jas mislam deka sekoja zena minuva niz razlicno pateshestvie okolu raganjeto na deteto, jas veke vleguvam vo 37 ma nedela site vashi iskustva gi citam i mnogu me pravat optimist i mi davaat sila da izdrzam , ne mi e strav za toa kako ke pominam na poragajot naprotiv edvaj cekam da dojde momentot , da go doziveam, da ja zemam kerkickata vo racete i da napisam i jas na forumot kako pominav, temata vi e odlicna, iskustvata dobro ke ni dojdat na nas novopecenite majki ,pozdrav od Bitola

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Породилни болки
17.10.2009 17:22:24   
ostoun
Profesorica super si pominala so epiduralot jas imav bolki 20 saati i koga me kacija da se porodam ne ispustiv glas, edna zena se cudese i den denes kazuva deka koga se porodiv ne sum vikala voopsto user posted image

(Одговор на членот zorica bt)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Породилни болки
17.10.2009 17:56:03   
Весна
Зорица и јас баш истото го мислам и чувтвувам. Со радост чекам да дојде терминот и си замислувам дека ептен забавно ќе ни биде, претоставувам дека мајтап ќе си терам со мм и болките user posted image . Но, ај нека дојде денот, па ќе збориме пак user posted image

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Породилни болки
9.11.2009 16:54:02   
elle
Незнам каде да го поставам прашањето па ако има друга по соодветна тема ве молам преместете го.
утре ми е терминот, а јас немам никакви знаци ,болки или нешто слично.Ме интересира како се следе бременоста по поминувањето на терминот дали секој ден се оде на контрола, што се случува по поминувањето на терминот? И колку најмногу се чека да те фатат природно болките по поминување на терминот?
Ако има некој такво искуство нека пише!!!!
Фала

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Породилни болки
9.11.2009 16:57:00   
Палешка РР
elle мислам дека треба да појдиш кај гинекологот кој ти ја води бременоста, па ќе ти кажат што понатаму.

И чекаме да не известиш, се разбира user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Породилни болки
9.11.2009 16:59:36   
elle
Знам имам закажано за утре но ме интересира искуството на другите.


(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Породилни болки
9.11.2009 17:05:09   
Еца
Јас Мартина ја надносив 10 дена после терминот. Одев секој втор ден на ЦТГ и по 10 дена поминати јас немав абер да се породам.Не се отварав, а плодовата вода веќе почна да се заматува, па после две провокации и ставање на специјален гел за побрзо отворање, јас не се отворив ни мм, мораа да ме породат со царскиuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Породилни болки
9.11.2009 18:21:28   
nadica
мене терминот мибеше на 16 август но на ќерка ми е беше супер внатре па не сакаше да излезе user posted image user posted image user posted image правев цтг секој ден и на 26 август др ме остави во болница поради намалено количество околуплодова вода и ми дадоа провокации а на 27 утрината требаше да ми дадат провокации уште еднаш но надица веќе беше излезенаuser posted image user posted image user posted image

кај секого е различно но др се тие кои одлучуваат како да се продолжи понатаму

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Породилни болки
10.11.2009 1:14:05   
mis.
Јас и двете деца ги надносив првото 9 а второто 15 дена.За првото после поминат термин на секој 2 дена одев на цтг и др ми кажа ако по 9 дена поминати не се породам ќе ме задржат на патолошка за среќа на 9 от ден јас се породив нормално.За второво др ми кажа исто ако до 10 дена поминат терин не се породиш ќе те задржиме на патолошка и ме задржаа и лежев така без веза 5 дена.не ми дадоа ништо ни провокација ништо само чекаа да добијам болки но јас ништо се излежавав во болница 5 дена и на крај природно добив болки.Имав доволно плодова вода постелката беше во ред и имаше место за чекање и не ме брзаа ни со провокација ни со царски.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Породилни болки
10.11.2009 1:16:21   
mis.
Значи ако е се нормално чекаат до 9-10 дена и после те задржуваат во болница ако е се во ред со плодовата вода чекаат ако е малку даваат провокација или краен случај царски.Мој совет е ако е се во ред со плодовата вода и постелката терај до каде тоа сака да излезе нема потреба од царски или провокација болките сами ќе си дојдат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета


jovanka



(100%)

(0%)


Број на сите гласови: 15

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!