Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Безбојниот исцедок од носот, односно чувството на затнат нос, можете сега да го додадете во списокот на знаци на бременост. Полн нос и повремено крварење од носот се всушност честа појава во бременоста. Во бременоста тече повеќе крв низ жилите, затоа понекогаш некоја жиличка знае и да пукне. Кај тие проблеми помага навлажнувач на воздухот и прва помош – стискање на носот и краток одмор во легната положба. Можете да си помогнете ако на радијаторот ставите мокар пешкир или чаша вода, и на тој начин водата од нив ќе испарува во воздухот.
И другите знаци на бременост – замор, мачнина, несвестица, траат оваа недела. Тешкотии предизвикуваат и лошиот метаболизам, пред се опстипацијата (затвор), затоа секое утро на празен стомак испијте чаша вода. Помага, проверено! Градите сеуште се чувствителни и тешки. Всушност се подготвуваат за важна задача, хранење на малото бебе.
Во струкот и понатаму се ширите и пантолоните наскоро ќе почнат да ве стегаат. Во вас се развива нов живот и сите нека видат како расте! Што побрзо одете во продавница за трудничка облека. Дозволете им да ви угодат.
И не заборавајте на комотен долен веш, посебно на градник!
Ако кај гинекологот прв пат имате закажано во деветта недела (можеби веќе сте биле на преглед, а можеби ќе одите дури за некоја недела), на ред е првиот ултразвучен преглед. Кај докторот не заборавајте убаво да го погледнете своето потомство. Доколку можете водете го со себе и партнерот. И уште нешто: замолете го гинекологот да ви даде сликичка на вашето дете, за да можете да ја покажете на сите. И да можете да се пофалите! Ако за новоста сеуште немате кажано, сликичката може да биде извонреден начин.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Количината на крвта во телото на трудницата се зголемува дури за 40 – 50 % . Затоа кај некои трудници на кожата им се појавуваат жили, најпрво оние на градите, нозете и стомакот. На идните мајки, кои фамилијарно имаат проблеми со проширени вени им се препорачува да бидат многу внимателни со солената храна, исто така да не стојат предолго на нозе. Притоа не заборавајте на физичката активност. Таа го забрзува крвотокот, а венските залистоци активно се грижат вените да не се преполнат, посебно оние на нозете. Проширените вени се јавуваат, бидејќи тежината на матката ги притиска вените во карличната празнина. Тој притисок предизвикува посилен притисок на вените на нозете.
Еден од главните стравови на трудниците е добивање на преголема тежина. Затоа и за време на редовните гинеколошки прегледи, најтешко ви паѓа мерењето, бидејќи вагата немилосрдно ги покажува сите ваши гревови. Наместо тоа, подобро размислувајте вака: вагата го покажува растењето на новиот човек! Дозволената количина добиени килограми, секако зависи и од тежината пред бременоста. Но, наш совет е да не се поправите премногу. Важно е да внимавате на здравата исхрана. Разновидна и урамнотежена исхрана и редовни оброци се клуч до здрав развој на детето. Затоа овде уште еднаш предупредуваме: без диета во бременоста!
По некои препораки трудниците кои пред бременоста биле многу слаби, до породувањето би требало да добијат од 13 до 15 кг, оние кои пред бременоста имале умерена тежина од 11 до 14 кг, додека на пополните, односно подобро кажано, малку појаките мамички дозволено им е за девет месеци да добијат од 7 до11 кг. Но, како што веќе кажавме, важна е разновидна и урамнотежена исхрана, а не добиените килограми!
Плод во 9. недела
Тато во 9. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 8. недела
Следна недела: 10. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Мача во бременоста, безбедна, но со една важна замка
Мача чајот е богат со антиоксиданси и има суперстатус во светот на здр...
Од сувост и чешање, до намалено либидо
Интимното здравје е тема за која многу жени ретко зборуваат, од срам, ...
Мажите што носат трауми, жени што ги носат последиците
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со ...
Негативни последици од физичкото казнување на децата
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во мн...
Ендометриоза, невидливата болка кај многу жени
Ендометриозата е едно од најчестите, но и најмалку разбрани гинеколошк...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?