Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Се поголемиот плод се повеќе ги притиска вашите внатрешни органи, што повеќето трудници го чувствуваат како притисок, некои трудници малку потешко дишат, односно со други зборови лесно се задишуваат, секако тука е и честото мокрење и отекувањето на нозете. А голем број од мајките кои едвај чекаа да го покажат стомачето, сега едвај чекаат да се ослободат од него. Секако, во позитивна смисла, бидејќи едвај чекаат да го запознаат бебето кое веќе седум месеци го носат во себе. Но полека, нека остане безбедно во матката барем уште неколку недели.
Матката сега има преку 11см. над папокот и нема да верувате, но уште ќе расте. Не е чудно за останатите органи воопшто да нема место.
Сега е многу важно оброците да не бидат премногу големи бидејќи и желудникот има изгубено навистина доста простор. Поради тоа може да ве мачат и киселини. Затоа подобро е да јадете повеќе пати во текот на денот и секако разновидна храна. Притоа не заборавајте на доволно внесување калциум (млеко и млечни производи), железо (темно-зелен зеленчук, а многу го има и во коњското месо) и протеини (јајца, риба, месо, сирење и други млечни производи) во вашето тело. Плодот всушност и понатаму црпи големи количини на калциум со чија помош се градат коските.
Ако ве мачат киселини по јадењето не легнувајте, бидејќи така само дополнително може да се зголеми непријатното чувство.
Телото на трудницата произведува хормон, кој се вика релаксин. Тој ја опушта карлицата и со тоа се грижи за полесно доаѓање на детето на свет, бидејќи му овозможува да помине низ карлицата. Нејзиното опуштање можете да го почувствувате и како болка во карлицата. Иако овие болки сега ви сметаат или дури ви создаваат проблеми, за време на породувањето на овој хормон ќе му бидете благодарни, бидејќи ќе се погрижи детето полесно да се роди.
Во последните недели потполно забораваме на оние трудници кои сеуште се чувствуваат убаво и кои се чудат на проблемите кои ги мачат другите идни мамички. Ако сте една од нив уживајте до крај. И не грижете се, и вашето тело се подготвува за породување, но на друг начин. Можеби за доброто чувство заслужна е физичката активност?
СОВЕТ: Бидејќи плодот слуша што се случува околу него, би можеле и нему и на себе да си дозволите еден концерт. Изборот ви го оставаме вам, а веќе за неколку месеци, најдоцна за една година нема повеќе да биде така. Ќе слушате музика по вкусот на вашето дете. Сеедно е дали ви се допаѓа пријатна музика или можеби подив ритам, важно е само да избегнувате прегласни настани. Нема да биде на одмет еден совет: одберете случување кое може да се гледа со седење.
И уште ова: би можеле полека да се потсетите на детските песнички.
Плод во 31. недела
Тато во 31. недела
Слични артикли:
Седишта за во кола и колички
Здравствени проблеми кај недоносените бебиња
Претходна недела: 30. недела
Следна недела: 32. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Во денешно, опкружени со технолошки и културни промени, комуникацијата...
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...