Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Како што рековме, прегледите кон крајот се почести, така да оваа недела ве чека нов преглед. Стандардните постапки се повторуваат, на овој преглед следува малку и допишување на одредени работи во мајчината книшка. А можеби тоа веќе и сте го завршиле, бидејќи секој гинеколог има свој начин на работа. Накратко, гинекологот ќе ви даде потврда со конечниот датум на породување и упат за прием во породилиштето.
Знаеме дека спиењето ви стана научна фантастика, доколку не го прекинат честите посети на вц-то, тогаш се будите поради што не можете да пронајдете доволно добра положба или пак ве мачат киселини. Помогнете си со ставање на перници под стомакот, позади грбот и меѓу нозете, а можеби подобро ќе спиете во полуседечка положба. Таа положба всушност може да ја ублажи киселината. Пред спиење обидете се што повеќе да се релаксирате, слушајте го своето тело, на некои добро им доаѓа туширање, додека други ги заспива читањето... Барем еден час пред спиењето не јадете, бидејќи така на желудникот ќе му дадете тешка задача.
Веројатно веќе се фативте како размислувате кого ќе поканите после породувањето да го види бебето и какви подароци ќе му донесат. Со подароците за новороденче е слично како и со подароците за свадба. Тешко се купуваат, а уште потешко се избегнуваат исти работи. Затоа нека не ви биде неудобно ако си подготвите список на подароци за кои мислите дека добро би ви дошле. Верувајте и оние кои ви носат подароци ќе бидат благодарни, бидејќи ќе знаат дека го донеле она вистинското. Секако дека списокот нема да можете да го составивте доколку не сте прошетале по продавниците за да видите што се има во нив. По пат не заборавјте да земете со себе вода или сок.
Плод во 30. недела
Тато во 30. недела
Слични артикли:
Велигден – најубавиот христијански празник
Претходна недела: 29. недела
Следна недела: 31. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важ...
Поддршката за доењето треба да започне во бременоста
Многу идни мајки веруваат дека доењето е нешто што започнува дури по р...
Бременоста е период кога многу жени стануваат повнимателни за сe што в...
Организирање на здравствената грижа во бременоста
Веќе го добивте позитивниот тест за бременост, го направивте првиот пр...
Како да се намали стресот при планирање бременост?
Дали чувствувате притисок секој месец додека чекате позитивен тест?Зна...