Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Што мора да знае мајката?
Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци! Ако планирате бременост, ова е идеален момент да престанете со нездравите прехранбени и останати навики. Во исхраната внесете многу овошје, зеленчук, житарици, а при тоа не заборавајте дека со умерена исхрана ќе направите најмногу за себе и своето дете. Доколку од време на време ве привлечат слатки работи или други брзи оброци, не обвинувајте се, само внимавајте да не се случува пречесто.
Стручните лица три месеци пред бременоста препорачуваат земање на фолна киселина, која може да се купи во аптеките и без рецепт. Изборот е голем, можете да се одлучите за таблети во чист облик, значи 400 микрограми фолна киселина, што претставува дневна потребна количина, или за производ кој содржи и други витамини. Ако не сте почнале да земате таблети, не грижете се, сеуште можете да надокнадите. Препорачливо е фолната киселина да се зема до третиот месец од бременоста, значи до 12-та недела. Таа всушност помага при затворање на кичмениот канал кај ембрионот. Ако пршлените на кичмата на ембрионот не се затворат правилно, кичмата која ги поврзува сите главни нервни врски во телото, останува незаштитена. Во потешки случаи, таквото оштетување предизвикува парализа на нозете. Почесто се јавува заедно со водена глава (hydrocephalus) која може да предизвика ментална заостанатост. Овие неправилности на нашето географско подрачје ретко се јавуваат. Можат да бидат откриени во текот на бременоста со ултразвучните прегледи или со други испитувања (со амниоцинтеза).
Плод во 1. недела
Тато во 1. недела
Слични артикли:
Зошто доењето е најдобро?
Оброкот кај децата
Претходна недела: 0. недела
Следна недела: 2. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...