Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Плодот и понатаму расте со неверојатна брзина и весело плива во огромниот простор кој му е на располагање. За жал, сеуште е премал за да идната мајка ги почувствува неговите пливачки таленти. Сега има од 3 до 3.5 см! А тежок е дури 4 грама. Приближно како четири спајалици за хартија. Срцето весело чука и тоа дури 160 отчукувања во минута. Оваа недела до крај се имаат развиено прстите, по пет на секоја рака! И останатите зглобови се веќе формирани: лактови, зглобовите на рацете, колениците, рамениците.
Капаците сеуште се развиваат. Плодот ќе има затворени очи се до 25. односно 27. недела. Сега се обликуваат и надворешните полови органи, а конечно се формирани и ушите и горната уста.
И за крај: задниот дел на кичмата се оформил во тртка, закржлавен врв. Прегледот на овој дел е многу важен при ултразвучниот преглед, бидејќи плодот секогаш се мери од тртката до темето на главата и со тоа се одредува предвидениот термин за породување и колку ќе трае бременоста.
Мама во 10. недела
Тато во 10. недела
Слични артикли:
Мали сипаници
Килибарно ѓерданче
Претходна недела: 9. недела
Следна недела: 11. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...
Колку често треба да правите пилинг?
Пилингот може да помогне кожата да изгледа помазно и посвежо, но премн...
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...