vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Чекор понатаму направила Наоми Мориу, авторка на книгата „Јапонките не стареат и не се дебелеат: Тајните од токиската кујна на мајка ми“(Japanese Women Don’t Get Old or Fat: Secrets of My Mother’s Tokyo Kitchen).
Традиционалната јапонска исхрана вклучува ниско-калорични намирници сервирани во мали порции. Според авторката на книгата, една просечна Јапонка во просек внесува 25% помалку калории од една просечна жена од западот.
Стапката на луѓе со прекумерна тежина во Јапонија е 3,5%, во споредба со Британците каде дебели се ¼ од жителите. Во оваа азиска земја заболените од рак на дојката, простатата или оние со срцеви болести се поретки одошто во останатите делови од светот. Јапонците објаснуваат дека здравите навики се клучна работа доколку сакате да ја доживеете стотата година од животот.
Во секој случај, би требало да јадете што помалку слатки. Шеќерот се поврзува со дебелината, дијабетесот, срцевите заболувања и зголемениот крвен притисок. Јапонците во просек внесуваат 48,8 грама шеќер дневно, во споредба со Британците кои внесуваат околу 100 грама на ден.
На јапонскиот остров Окинава живеат најмногу стогодишници кои тврдат дека тајната на долговечноста е во тоа да не се најaдете, туку вашиот стомак да го наполните до 80%. Престанете да јадете пред да се најадете и после неколку минути ќе сфатите дека тие последни залчиња воопшто не ви ни биле потребни. Така ќе јадете помалку, ќе ја одржувате линијата и ќе бидете здрави – тврдат стогодишниците.
Многу експерти се согласни со оваа теорија и тврдат дека дури 20 минути откако ќе завршиме со оброкот, мозокот добива сигнал дека стомакот е полн. Тоа значи дека многу луѓе јадејќи брзо јадат повеќе одошто им е потребно.
Во чинијата ставајте помали порции храна бидејќи на тој начин помали се шансите да се прејадете – тврди Наоми Морија.
Пешачете помеѓу 2 и 5 пати на ден и поминувајте помалку време седејќи. Експертите додаваат дека пешачењето во времетраење од два и пол часа во текот на една недела, може да ви го продолжи животот за 7 години.
Кај нас одењето на јога и тренирањето таи-чи не е вообичаено, но Јапонците тврдат дека тоа е идеален начин да ги вежбате телото и духот, да го намалите стресот, што и тоа како е важно за здравјето на целиот организам.
Не заборавајте и да внесувате доволно омега-3 масни киселини (одличен вегетаријански извор е лененото семе) и на паметно изложување на сонце.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...