vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Сликовницата е најчесто првата книга со која детето се сретнува и може да биде:
- Без текст, или да содржи слики и текст.
- Направена од картон, од различни видови на пластика, ткаенина, сунѓер.
- Различни правилни и неправилни облици - четвртасти, овални, со облик на животни, тродимензионални облици, прикладни за манипулација со раце, на пример на развлекување – хармоника, или со делови во сликовницата кои можат да се отвораат, затвораат, преклопуваат, извлекуваат, допираат.
Сликовницата е книга наменета за детето
Сликовницата го учи детето за светот, му помага да ги совлада потешкотиите со кои се среќава
- Му ги дава на детето основните сознанија за светот кој го опкружува, му овозможува да развива мислење – анализа, синттеза, споредба, воопштување, му помага да ги развие причинско последичните врски меѓу работите и појавите и да дојде до потребните информации.
- Го развива кај детето литературно – уметничкиот вкус, го збогатува неговиот речник, делува на неговите чувства, влијае на неговиот став и интересирање за книгите и му помага во развивање на љубов кон книгите и читањето.
- Му помага на детето во решавање на проблематични ситуации. Нејзината содржина може да се поврзи со детските чувства, здравје, хигиенски навики, особини на неговата личност, однеси во семејството и општеството
Сликовницата е сигурна за детето
- Ако одговара на сигурносните мерки за изработка (при изработката не се користени отровни и непостојани бои, нема остри рабови или агли)
Сликовницата е квалитетна
- Ако одговара на педагошките и естетските критериуми на кои влијае текстот, илустраците, опремата и нивната складност.
- Илустрациите треба да бидат складни во бојата и естетски вредни, реални кога ги објаснуваат поимите, а имагинативни кога збогатуваат некакво доживување
- Текстот во сликовниците мора да биде јасен, добро осмислен, интересен, граматички и правописно точен.
- Буквите мора да бидат големи и лесно читливи.
- Доколку зад нејзиното настанување стојат имиња на автор, илустратор и други стручни соработници кои учествувале во нејзината изработка, а не само издавач. Доколку е анонимна треба да се сомневате во нејзиниот квалитет.
- Ако е во согласност со развојот: способностите, знаењата, интересите и потребите на детето на кои оваа сликовница му се дава во раце или му се чита.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...