Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Убав е денов неделен. Сончев и не толку ладен. Речиси прекрасен да се прошетате со вашата фамилија во парк или на малку сонце кое овој ноември ни го подарува. Земете ги децата во вашите раце и излезете. Насмејте се, фатете го партнерот за рака, бакнете го и уживајте. Кажете им на вашите најмили дека ги сакате. Овој ноемврски неделен ден е како створен за љубов…
Ние сме тажни и овој ноемвриски ден, иако е сонце, иако имаме љубов која 12 години трае и е неизмерно голема. Имаме празнина во нашата душа која ни во ваков убав ден не се пополнува. Ние сеуште немаме дете.Толку е тешко да го напишеш ова. Да го кажеш на глас. А посакуваш да вриснеш, целиот свет да ја чуе твојата болка. Се трудиш секој ден да го прикриеш и закопаш длабоко во себе и се' да изгледа совршено, но не е. Недостасува онаа мала нишка, фалат две мали очиња, две рачиња да те прегрнат, фалиш ти мое најмило. Сеуште те чекаме.
Мојата приказна започнува вака:12 години, 5 спонтани абортуси и едно бебче кое требаше да се роди на Божиќ. И тоа да биде најубавиот Божиќ во нашите животи. До пред неколку месеци се радувавме на првото ехо, на првиот скен на првото твое икање во стомачето на мама. До пред некое време знаевме дека ќе пристигнеш ангелу наш. Но…. Ова “но” ни го кине срцето. Не ни дозволува да дишеме, ни ги корне градите. Оваа болка морав да ја поделам со вас. Долго ги оставив да пристигнуваат во мојата пошта пораките од Рингераја која недела би била денес, како денес би изгледало тоа, како би изгледала јас, како би изгледале сите ние да не се случеше така. Да беше сеуште тука во моето стомаче. Да не те изгубев. Морам да ги избришам.
И морам да соберам сила за понатаму. Да продолжиме да собираме храброст и сила да ги дочекаме следните две црти, следното прво ехо, следната радост. Следната надеж и сонце во нашите очи. Да собереме сили и насмевки за сите оние кои неизмерно ги чекаме. Да не дозволиме чекањето да не убие. Да покажеме дека сме спремни за понатаму, дека се радуваме и дека имаме уште многу љубов и насмевки да подариме...
ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГИ ЧЕКАМЕ
Вашата “baby77”
Со почит и поздрав до сите вас
Рингераја и посакува што поскоро забременување на baby77!

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Исхрана за повеќе млеко, рецепти за доилки
Создавањето на мајчино млеко зависи од повеќе фактори како честотата н...
Листа на испитувања за годишен гинеколошки преглед
Редовните гинеколошки прегледи се клучни за рано откривање на промени ...
Протеински појадоци за трудници со утрински мачнини
Утринските мачнини се чест дел од бременоста, особено во првото тромес...
Како да се справите со постпородилниот замор?
Постпородилниот период е исполнет со радост, но и со големи физички и ...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?