vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еве неколку работи што мора да ги имате за да изгледате модерни и да се чувствувате убаво додека се релаксирате до базенот или лежите на врелиот песок на плажата:
Одличен костим за капење: Првото нешто што Ви треба е прекрасен костим за бремени жени коj и ласка на Вашата фигура. Најпопуларен избор за идните мамички се оние костими кои имаат горен дел кој изгледа како маичка и долен бикини дел. Други интересни опции се едноделни костими, но не се исклучени ниту бикини моделите. Забавувајте се со смели бои и интересни дезени.



Шик прекривка: Прекривка врз костимот за капење е есенцијална за трудните мамички. Шарена туника, слатко фустанче или некоја прекрасна марама... изборот е огромен!


Шарени апостолки: Завршете го Вашиот летен труднички изглед со забавни и шарени апостолки, со дезени што може да се движат од прави или коси линии, до точки во сите бои.



Модерна капа: Голема сламена шапка или слатко шеширче не само што не му дозволуваат на сонцето да ви ги заслепи очите, туки ги штитат и Вашето лице и гради. Бремените жени не треба да го изложуваат своето лице на сонце за да го спречат појавувањето на сончеви дамки.



Крем со заштитен фактор: Изберете крем со висок заштитен фактор за да не изгорете на јакото летно сонце.
Добра книга и музика: Не заборавајте да изберете интересна книга и да го наполните Вашиот iPod или телефон со добра музика за максимално релаксирачки ден на плажа!
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...