namesp во 10:11
Во посета на специјалната болница за гинекологија и акушерство “Чаир“
Редакција Рингераја, 4.5.2010Гинекологија и акушерство Чаир е второ по големина родилиште во земјава каде на годишно ниво се раѓаат околу 3.000 бебиња. Поразговаравме со директорот на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир, Др. Мендух Јегени кој пред се е голем хуманист, доктор специјалист кому здравјето на родилката и бебето му се на прво место, а се труди со својата функција тоа да им го наметне и на своите доктори и целиот персонал во болницата. Значи, пациентите се најважни.
Неговиот апел до сите жени кои се бремени или во иднина планираат да забременат е тие слободно да дојдат во болницата Чаир на породување без никаков страв и предрасуди, бидејќи болницата е од отворен тип (неселективна) и секој пациент е добредојден. Хигиената и квалитетот на исхраната се на едно високо ниво, а калориската потреба е прилагодена според здравствената состојба на пациентот. Болницата работи според стандарди и правила и е под постојани контроли.
Кога се работи за породувањата, најголем процент се природни, вагинални, но во случаи кога е загрозено здравјето на родилката или бебето, без размилување се оди на царски рез. Родилките со природно породување во болницата остануваат 2 до 3 дена, а оние кои родиле со царски остануваат од 5 до 7 дена, нормално и во двата случаи доколку е се во ред со мајката и бебето. Во спротивно, се задржуваат на болничко лекување додека не се стабилизира здравствената состојба.
Во болницата е задолжителнa едукацијатa на родилките за доење на своите бебиња и се што е поврзано со хигиената за него. Сестрите се должни да одговорат на секое прашање што го има родилката поврзано со доењето или здравјето на нејзиното бебе. А за да функционира се во нормален ред, најзаслужна е главната сестра Нихел Касум, која максимално го вложува својот труд во работата и обврските кои ги има.
Во болницата има три апартмани со сопствен тоалет и дозволени посети до 23 часот (дозволени се двајца при посета во апартман). Детето е со вас, но доколку сакате да се одморите слободно можете да повикате сестра да се погрижи за бебето. Еден ден во апартман чини 1500 денари.
Важно е да се спомене дека болницата за гинекологија и акушерство "Чаир" стартуваше со првата фаза од реконструкција на објектот, која ќе чини околу 200.000 евра. Реконструкцијата е овозможена преку донација на Владата на Норвешка и Фондацијата Норвак. Санација на покривот веќе е направена, а кон крајот на септември ќе се започне и со останатиот дел за реновирање.
- Почнавме со реконструкции во стариот дел, а со завршување на новата зграда ќе добиеме една од помодерните болници во регионот, ни кажа Др. Јегени. Тој нагласи дека и здравствените услуги ќе бидат подигнати на повисоко ниво. Но она, на што Др. Јегени се пожали е дека имаат недостаток на медицински кадар, но дека се надева оти проблемот ќе го надминат со враќање на докторите од специјализација.
На приватно поле Др. Јегени е фамилијарен човек, кој има два синови, но на прашањето колку има време за себе и за фамилијата ни одговори:
“Фамилијата има големо разбирање за мојата работа и обрските кои ги носи таа со себе, но јас плаќам голем данок со мојата професија. Многу често се запоставени, а и она малку време што го имам се трудам максимално да го искористам да им надоместам. За својата професија со своите синови разговарав уште додека беа мали, бидејќи родителот е тој кој треба да му објасни на детето што и како работи, преку отворен разговор и без никакви предрасуди. Така децата полесно ќе го разберат и прифатат отсуството на родителот од дома.”
За себе нема време, но се во служба на професијата и доброто на пациентите.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?

Бремените жени честопати имаат едно важно прашање: дали можат да имаат секс за време на бременоста? Одговорот е: се разб...

Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...

Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
