|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Внимание: Која храна не уништува?

Редакција Рингераја, 24.5.2013
Колку е важна храната која ја јадеме за нашата ДНК? Колку храна полна со токсини треба да се изеде пред да се појават негативни симптоми?

image
/11


 

 

Генетски модифицираната храна, шеќерите и преработените омега масни киселини можат да бидат потенцијални предизвикувачи на разни болести.

Колку е важна храната која ја јадеме за нашата ДНК? Колку храна полна со токсини треба да се изеде пред  да се појават негативни симптоми?

 

Генетски модифицираната храна предизвикува оштетувања на ДНК

Современата прехранбена индустрија успеала да ја прекине врската меѓу локалното тло, локалната храна и луѓето кои тука живеат. Прехранбениот ланец е разбиен. Но, човечкото тело има свои биохемиски потреби и не може без грешки  да се прилагоди на низата на нови хемиски состави, кои во него ги внесуваме.

Потребен е подолг процес на навикнување кој трае со генерации, дури и кога станува збор за немодифицирани природни супстанции. Од слични причини 85% од абориџините не може да толерираат лактоза, додека истиот проблем го имаат само 2% од швеѓаните.

 

Ако може да се џвака и голта, не значи дека е храна

Ниските цени, едноставната подготовка и вештачките ароми и вкусови, ги уверија луѓето дека дека хемиските производи кои се продаваат ширум светот се – храна.

 

Примери на некои најлоши производи кои влијаат на ДНК 

 

Генетски модифицираната храна (GMO)

Она што научниците го прават со храната може да се спореди со генетски руски рулет. Дали новиот ген кој ќе се всади во генот на некои растенија и животни ќе доведе до подобрување или ќе ја дестабилизира инаку сигурната храна и ќе ја направи отровна за луѓето, не знаат ни тие самите.

Навистина, низ вековите луѓето ги менувале генетските карактеристики на растенијата и животните. Правеле селекција на семињата кои ги имаат посакуваните карактеристики. Но одгледувањето е нешто сосема поинакво од генетскиот инжињеринг, кој создава монструми кои денес ни се нудат како храна. Имено, додека генетскиот код на ГМ билката е модифициран од страна на луѓето, хибридната билка создала сопствена генетска структура.

Научнииците Ian F. Prime и Rolf Lembke спровеле “in vivo” студија за можните здравствени последици на генетски модифицираната храна и дошле до заклучок дека  генетскиот инжињеринг создава раширени генетски мутации на стотици илјади места на одреден геном.

Храната која е создадена во лабораторија не ја препознаваат нашите клетки, па сето тоа ќе се таложи како токсичен материјал.

Кое е најлошото сценарио? Почнуваат да се појавуваат проблеми во интестиналниот систем, се намалува имунитетот и постои можност од појава на тумори.

 

Преработени омега-6 масни киселини и трансмасти

Со индустриската револуција и обработката на растителни масла богати со омега-6 масни киселини, како пченката и сојата, кои се сеприсутни во исхраната на човекот, дојде до голема нерамнотежа.

Имено, избалансираната потребна доза на омега-6 и омега-3 масни киселини со кои човечкиот геном напредувал низ вековите, сега е драстично променета. Се проценува дека денес јадеме 1/10 од потребниот износ на омега-3 масни киселини кои се потребни за нормално функционирање.

Се смета дека тоа е една од клучните причини заради кои голем процент на модерното население страда од болести на срцето, рак, отпорност на инсулин и дијабетес, претерана исхрана, артритис и други воспалителни промени.

Само елиминацијата на отровните трансмасти може да ја спречи појавата на стотици илјади кардиоваскуларни болести.

Тимот на молекуларни биолози на Националниот институт за исхрана во Индија спровел студија над глувци со цел да утврдат што им се случува на гените под влијание на трансмасните киселини. Научниот тим утврдил дека глувците хранети  со поголема количина на трансмасни киселини, имале три видови на гени кои ја подигнуваат отпорноста на инсулин. Овие забелешки помогнале во констатацијата дека трансмасните киселини го зголемуваат ризикот од дијабетес и срцеви болести.

 

Шеќер

Се проценува дека до 1820. година просечната годишна консумација на шеќер по жител била помала од  9 килограми. Денес во просек изнесува повеќе од 68 килограми годишно.

Остава ли толкавиот шеќер некаков отисок на генетскиот материјал? Епидемиологот Lisa Giovanelly спровела студија за влијанието на шеќерот врз организмот и заклучила дека колку повеќе се консумира шеќер (од засладени пијалоци и разни колачи), поголемо е оксидативното оштетување на крвните клетки.

 

Високофруктозен пченкарен  сируп

Новата технологија прифатена во 1970-те овозможила производство на високофруктозен пченкарен сируп (HFCS). Денес тој се додава во илјадници полуготови и готови производи, вклучувајќи ги колачите, напитоците и сосевите.

Најголем познат проблем со високофруктозниот сируп е што мозокот не го препознава како извор на калории – иако тој изобилува со нив. Мозокот не добива сигнали на ситост и испраќа сигнали на глад, така што и понатаму имате желба за храна.

Високофруктозниот сируп може да ги оштети  гените. Имено, во текот на самото производство или подоцна, овој штетен спој се загрева и доведува до создавање на хидроксиметилфурфурал (HMF), кој е погубен за ДНК.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Спиење заедно со мама и тато – потреба или...
Потребата на детето да спие заедно со членови од семејството не е избор, туку е емоционална потреба на детето
3
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
3
Најголемите грижи на младите мајки
Дали бебето дише, дали премногу плаче, зошто е болно...Мајките имаат премногу грижи, но овие се едни од најчестите
3
100 ѕвезди на Johnson`s бебе календар за 2...
Ѕвездениот сјај на нашите блескави дечиња го осветлува небото на Рингераја! Не една или две, туку 1170 ѕвезди! Пред нас ...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?