vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Ги донесов овде за да се научат да се снајдуваат сами.
Ве молам не ја кревајте мојата ќерка по скалите на лизгалката, посебно затоа што и реков дека нема да и помагам и да се обиде да го направи тоа сама.
Не се овде за да научат да останат на првата скала, туку да научат да се качуваат сами. Ако во тоа не успеат сами, ќе доживеат разочарување. Дури и повеќе, ќе бидат уште повеќе мотивирани да ја постигнат таа цел.
Не е моја работа, а сигурно не е ни ваша, да ги спречите моите деца да почувствуваат фрустрираност, страв и непријатност. Кога тоа би го правела, би им ја одзела приликата да научат дека тие чувства не се пропаст на светот, туку дека можат да бидат надминати и искористени во нивна полза.
Ако се заглават, не е моја работа веднаш да ги спасувам. Така би им ја одзела можноста да научат како да се смират, да ја проценат ситуацијата и да се обидат да се ослободат сами.
Не е моја работа да ги чувам од паѓање. На тој начин ќе им оневозможам да сфатат дека ако не се внимава се паѓа, но повторно треба да се стане, колку и да боли.
Не сакам моите ќерки да научат дека не можат да ги надминат препреките без помош. Не сакам да научат дека големите работи можат да се постигнат и со напор. Не сакам на научат дека имаат право на награда и заслуга без труд.
Сакам моите ќерки да го запознаат восхитот кога стравот ќе биде надминат и кога успехот ќе се оствари низ напор.
Сакам да веруваат во сопствените можности, да бидат самоуверени и одлучни во своите напори.
Сакам да ги прифатат своите ограничувања, додека не откријат дека можат да ги пребродат со сопствена сила.
Сакам да бидат способни да донесуваат сопствени одлуки, да развиваат сопствени вештини, да преземаат сопствени ризици и да излезат на крај со своите чувства.
Затоа, ќе ви бидам благодарна ако се повлечете и ме оставите да ја работам својата работа, која во главно се состои во одолевање на истите нагони кои вас ве тераат да помогнете, гризење за јазик секој пат кога сакам да викнам “Внимавајте!”и свесност за тешката одлука да се повлечам, наместо да притрчам во помош.
Во текот на нивното растење, пречките ќе стануваат се повисоки, пострашни и потешки за искачување. Не знам за вас, но јас сакам да им помогнам таа вештина да ја стекнат сега, кога грешката значи само одрано колено кое може да се излечи со бакнеж.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...