vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Се' започна вака: Еден ден налетав на некои луѓе на бензинската пумпа, кои не сум ги видел одамна. Беше убаво што ги сретнав и уживав во тоа. Како и да е, откако заминав, почна да ме убива процесот на размислување:
- Дали ги кажав вистинските зборови?
- Дали заборавив да кажам нешто?
- Дали требаше да им ја стегнам раката при пријателското ракување?
- Дали требаше да ги прегрнам?
- Дали доволно долго гледав во нивните лица?
- Дали премногу долго гледав во нивните лица?
- Дали моите очи беа премногу насочени во нив, па направив да се чувствуваат неудобно?
- Се надевам дека уживаа во разговорот со мене.
И така натаму...
Ова е товарот што го имам речиси по секоја социјална интеракција со луѓето. Се чувствувам толку бестежински, како риба без вода.
Иако луѓето разбираат дека моите социјални вештини се нарушени, бидејќи сум аутист, скоро секогаш после социјална интеракција, се преиспитувам себеси.
Не знам дали некогаш ќе бидам способен да почувствувам дека сум ја направил вистинската работа. Ве молам, имајте на ум дека сум загрижен дали правилно постапувам. Ве молам разберете дека навистина уживам кога ќе фатам чекор со своите пријатели. Ве молам немојте никогаш да помислите дека не ми се допаѓате, ако видите дека изгледам зачудено, или ми е непријатно, при некоја социјална интеракција. Уживам кога разговарам со вас, дури и кога не сум добар во тоа. Јас сум пријателски расположен, дури и кога тоа е тешко да се забележи.
Ви благодарам што имате разбирање за моите аутистични социјални грижи. Ве молам запомнете дека многу се трудам да ги направам вистинските работи. Во мојот ум се одвива дерби за да ги употребам вистинските зборови. Ве молам дајте ми екстра време за да ги процесирам своите мисли. Ве молам имајте на ум дека го ценам вашето време, вашето внимание и пријателство.

4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...
Зошто бебето спие преку ден, а е будно навечер?
Кога домот конечно ќе замолкне и родителите ќе посакаат неколку часа с...
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...