vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Важно е да не прескокнувате оброци
Храната е извор на енергија која ни е потребна во текот на денот. Имајте урамнотежени и разновидни оброци и придржувајте се до златното правило: за појадок јадете обилно, за ручек помалку обилно и квалитетно, а за вечера ставете нешто во уста, колку желудниикот да не Ви биде празен.
Не јадете премногу
Тоа е најдобар начин за да имате уредно варење на храната и да спречите таложење на непотребни маснотии. Навикнете се да јадете повеќе пати по помалку.
Јадете бавно
Една од главните причини која доведува до зголемен обем на половината е брзото и недоволно џвакање на храната. Обидете се да јадете што побавно и сигурно ќе забележите разлика. Одвоете доволно време за оброкот и добро изџвакајте ја храната.
Не грицкајте во меѓувреме
Допуштете му на системот за варење да се одмори меѓу оброците. Во текот на денот забрането е грицкање, но ако не можете да се воздржите имајте при рака сушено овошје или јаткасти плодови.
Пешачете
Недоволното движење, долготрајното седење, преголемата количина на маснотии и шеќери во исхраната, се причинители на непотребните залихи. наталожените поткожни маснотии се главен причинител на вишокот на маснотии. Вежбањето и пешачењето се драгоцена помош за цврстина и тонус на стомачните мускули.
Секојдневното пешачење освен што го одржува тонусот и виткоста на нозете, претставув идеално решение против опуштениот стомак. Секој пат кога ќе го вовлечете стомакот ја поттикнувате активноста на стомачните мускули. Искористете ја секоја прилика и пешачете. Ако сте во работните денови пренатрупани со обврски, искористете го викендот за прошетка во природа.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...
Колку долго живее јајце клетката по овулацијата?
Јајце клетката има многу краток период во кој може да биде оплодена по...
Дали засладените пијалаци му се потребни на вашето дете
Газирани сокови, засладени чаеви, лимонади и овошни пијалаци често се ...
Што се млечни заби и кога се појавуваат?...
Како да купите соодветно седиште за во автомобил?
На секој родител најважна му е безбедноста на своето дете, па затоа се...