vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Чаши за јогурт, пластични садови за овошје и храна, алуминиумска фолија, се само некои од работите кои не смеете да ги ставате во микробранова. Додека некои се штетни за здравјето, други лесно можат да предизвикаат дефект на микробрановата печка или силен пожар.
Пластични садови за еднократна употреба, како оние од јогурт, маргарин, или кисела павлака, не смеат да се користат во микробранова. Таквите садови се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој тип на пластични садови можат да се деформираат, па дури и да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.
Немојте да се залажувате од различни совети – подготовката на тврдо варени јајца во микробранова е чиста грешка. Ако се обидете – ќе имате само огромен неред за расчистување. Брзото загревање во јајцата ќе создаде голема количина на пареа, која ќе предизвика пукање на јајцето.
Ако на памет ви падна сјајна идеја во микробранова да ја загреете храната која се наоѓа во амбалажа од стиропор – немојте! Имајте на ум дека стиропорот е еден вид пластика, а микробрановата е прв непријател на пластиката.
Треба да се избегнуваат и садови со метални рабови, било да се златни или сребрени. Металот може да реагира од високата температура и да ја унипти микробрановата. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија, која може и да се запали.
Со загревање во микробранова можеби ништо нема да му се случи на лутите пиперчиња, но во моментот кога ќе ја отворите вратата од микробрановата, лутите пиперчиња ќе испуштат миризба која може да ви ги надразни очите и грлото.
Исто така не е препорачливо микробрановата да се вклучува празна. Во тој случај нема да има што да се апсорбира и може да се расипе.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...