Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Медот како имуностимуланс е незаменлива природна храна. Благодарение на неговиот хемиски состав и односот на витамини, минерали, ферменти и прости шеќери, медот влијае на формирање на сите крвни елемети, како од црвената, така и од белата лоза. Тие имаат заштитна улога и поседуваат способност за уништување на непријателот. Затоа секој ден треба да се започне со лажичка мед.
Медот е богат со јагленохидрати, а најмногу со прости шеќери, глукоза и фруктоза, кои претставуваат енергетски материјал. Содржи бројни ензими, скоро сите витамини и минерали, етерични масла и органски киселини, кои благотворно делуваат на органите за варење и ја потпомагаат апсорпцијата на хранливи материи.
Медот може да им се дава на децата од навршената прва година, а најдобро е да се започне со багремов мед. Медот обезбедува здфравје и виталност, подобар раст и напредок и отпорност на инфекции. За разлика од белиот шеќер, медот не ги оштетува забите, туку го штити калциумот и го спречува кариесот.
Редовната употреба на медот значително го подигнува нивото на антиоксиданси во човековиот организам.
Како да го одберете вистинскиот мед за вас?
Багремов мед
Погоден е за болни со дигестивни пречки и делува смирувачки на цел организам. Можат да го јадат и деца помали од три години.
Ливадски мед
Содржи повеќе етерични масла и посебно им се препорачува на болните од срце, а може да помогне и при респираторни болести.
Липов мед
Има антисептичко дејство и се користи кај грип, бронхитис и други респираторни болести. Најдобро е да се консумира заедно со чај од лековити билки.
Шумски мед
Содржи 13 пати повеќе минерални материи отколку цветните врсти на медот. Посебно е богат со железо, па се препорачува на анемични лица.
4 клучни прашања за медот
Медот како храна може да го користи секој од првата година од животот, под услов да не е алергичен на мед и да не боледува од дијабетес.
Медот може да се зема секој ден, половина час пред јадење. Посебно се препорачува во сезоната на настинки и грипови, во комбинација со чај.
Медот секогаш треба да се раствори во вода, чај, млеко или сок. Немојте да го јадете го густа, концентрирана состојба и потоа да се напиете чаша вода. Медот не се јаде, туку се пие. Лажичето со кое го земате треба да биде дрвено или пластично, а никако метално.
Затоа што е идеална храна со лековити својства.
16
6
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога никнуваат првите заби кај бебињата?
Никнувањето на првите заби е важна развојна фаза кај бебињата и често ...
Шминка за мајки кои немаат време за комплицирани рутини
Мајчинството носи многу убави моменти, но и многу малку слободно време...
Лекови и терапии за регулирање на крвниот притисок
Регулирањето на крвниот притисок е многу важно за здравјето на срцето,...
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.