namesp во 10:12
Седум вистини за мајчинството
Редакција Рингераја, 28.2.2013
Вашите денови се трка во подготвување оброци, проверување на домашни задачи, присуство на родителски средби, бакнувања и прегратки, перење облека, заедничко гледање на детски емиси, читање книги, време за учење ... и листата продолжува понатаму. Со секој нов ден, во текот на годините, соочени сме со сосема поинаква листа. Следните седум вистини за мајчинството секогаш се појавуваат без разлика на годините на децата или сезоната на мајчинството.
- Другите мајки ќе се натпреваруваат со Вас. Во одредени моменти, кога сте на игралиште со Вашето дете, ќе забележите дека другите мајки ќе Ве оценуваат каков родител сте. Ќе набљудуваат со што го храните Вашето дете, дали неговата облека е чиста, дали Вашето дете има одредена доза на бес во себе и според тоа ќе Ве оценат каква мајка сте. Со текот на годините ќе оформите група на мајки со кои ќе се дружите, а пред кои не треба да се докажувате колку добра мајка сте и колку е правилно тоа што го правите.
- Поставувањетоо на граници е од суштинско значење за да добиете шанса за личен мир. Ќе научите дека зборот "не" е Вашиот најдобар пријател и колку повеќе го изговарате толку имате поголеми шанси за комодитет. Овој збор од две букви исто така ќе им овозможи на Вашите деца и сопруг да разберат дека немате дополнителни часови, повеќе од 24.
- Мајчинството е стресно и прекрасно. Во многу наврати ќе го искусите стресот во обидот да направите се' што се бара од Вас како мајка. Еден од начините кои треба да ги практикувате за да ги намалите Вашите фрустрации е да си повторувате дека “помалку е повеќе”. Кога ќе имате помалку обврски на кои сте посветени и помалку работи со кои е исполнет секој агол од Вашиот дом, ќе имате полесен живот и конечно ќе ја видите убавината што е околу Вас.
- Вашиот автомобил секогаш ќе биде неуреден. Можеби само на неколку минути ќе биде беспрекорно чист, откако ќе го земете од перална, се до моментот додека не ги земете децата и нивните пријатели. Во автомобилот на мама може комотно да се живее, во него има секаков вид на спортска опрема, облека, играчки, грицки, за секој случај да се најдат.
- Иако сте во брак, мора да закажете состанок на само со Вашиот сопруг, но без Вашите деца. Барем еднаш на две недели обидете се да организирате ручек или вечера на само. Понекогаш е доволно да прошетате низ трговскиот центар или да отидете на кафе. Облечете нешто убаво и импресионирајте го Вашиот сакан. Посветете му и него дел од своето време.
- Од време на време ќе се прашувате дали сте го направиле вистинскиот избор за Вашите деца. Тоа ни се случува на сите нас, со секое дете и во секоја фаза на мајчинството. Тоа би можело да започне со одлуката да го промените матичниот лекар на Вашето дете, изборот на училиште, учител, или слободна активност на детето додека е мало. Добро е да сфатите дека ниту еден родител не го достигнал совршенството, туку нашата задача е да се залагаме да правиме разумни и фер одлуки.
- Грижата за себе е најдобриот подарок кој може да му го дадете на Вашето семејство. Никогаш немојте да чувствувате вина кога ќе одвоите време за себе, бидејќи тоа ќе Ве направи подобра мајка. Постојат причини заради кои стјуардесите ги учат патниците најпрво да ги обезбедат сопствените маски за кислород, а потоа маските на децата кои патуваат со нив. Впрочем, како ќе се грижите за Вашите деца ако сте во несвест? Ако го имате најдоброто за себе, ќе можете да го дадете најдоброто од себе за Вашето семејство.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од с...

Без оглед на налепниците и внимателното читање на составот, постојат големи шанси да јадете и несакани додатоци во храна...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Семејството веднаш по крштевката на малиот принц Џорџ е фотографирано и изгледа прекрасно.Малиот принц беше обле...
