|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Ризици по здравјето, ако децата не пијат млеко

Редакција Рингераја, 13.9.2022
Децата кои не примаат кравјо млеко се во ризик од дефицит на витамин Д. Кога се внесуваат пониски дози на витаминот Д од потребните, може да настане коскена слабост и рахитис

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Секој родител има изградено индивидуален план за исхрана за своите деца според нивните потреби, возраст и преференци. Колку често децата ви консумираат кравјо млеко? Козјото млеко, млекото од бадеми, оризовото, кокосовото и млекото од соја, кои се еден вид замена на кравјото млеко при интолеранција на лактоза и алергија на млечни протеини, имаат големи придобивки за здравјето. Но го даваат ли потребното количество витамин Д на децата?

Според податоците од истражувањето овие вкусни и корисни пијалоци не го даваат потребното количество витамин Д на децата, за разлика од кравјото млеко. Најважниот витамин Д, кој често е нарекуван витамин на сонцето, се синтетизира од нашето тело, кога се изложуваме на сонце.

Исто така витаминот Д може да се добие и преку консумација на риба, јајца, млечни производи, зеленчук, ореви. Тој му е неопходен на човековото тело за градење на силен имунитет, мускули, за здравјето на срцето, мозокот, развојот и зајакнувањето на коските.

Кога кај децата се забележани ниски нивоа на витамин Д, може да настане коскена слабост, а во некои случаи и рахитис.

Во САД и Канада беше спроведено едно вакво истражување. Специјалистите велат дека во 100 мл кравјо млеко се содржат околу 40 единици витамин Д, што го прави главен извор на храна на витамини за поголемите  деца.

Во истражувањето биле вклучени вкупно 2831 деца без здравствени проблеми, меѓу 1 и 6-годишна возраст за период од 5 години.

Тестовите покажале дека децата кои не примаат кравјо млеко се двапати повеќе загрозени од дефицит на витамин Д. Научниците додаваат дека родителите треба да се информираат однапред за количината на витамин Д, калциум и други хранливи материи во алтернативни пијалоци на млеко и храната како целина, за да можат да направат добар избор за исхрана на своите деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најчести повреди кај мали деца
Малите деца се љубопитни, постојано во движење и често не го проценуваат ризикот.
4
Диплома и пофалници доделени во Детската н...
Почитувани учесници во изборот за најубава уметничка творба на тема правата на детето, во детската недела: ТУКА може да ...
4
Негативни последици од физичкото казнување...
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во многу домови и општества, често оправдано како „учењ...
3
(Не)правилен изговор на гласовите
Една од најчестите причини заради која родителите бараат помош и совет од логопед, е неправилниот изговор на гласовите и...
3




Анкета

анкета за избор на машко име
barbarela

барбарела

Горјан (82%)

Гоце (18%)


Број на сите гласови: 136

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!