|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Занимавањето со спорт на најмала возраст треба да му дава на детето задоволство и можност за развивање на телесните и умствените способности.

image
/11


Детето има потреба да се движи, да му овозможува на своето тело нормално да функционира.Неговата мотивираност кон спортот е исто толку силна како и кај возрасните, а емотивноста честопати е и поголема. Децата не се “мали луѓе”, туку суштества кои во текот на својот развој се покоруваат на сложените закони, чија тајна, медицината сеуште не ја објаснила. Секој момент детето се менува под влијание на генетските, физиолошките фактори или факторот- околина. Способноста за физички вежби е условена со потребата за растење, можностите на крвототкот, способноста на респираторните органи да се шират, како и сигурноста на нервниот и моторниот систем и системот за сетила. Токму поради тоа родителите се прашуваат, од колку години нивните деца можат да започнат да се занимаваат со спорт и за кој од многуте спортови да се определат.

 Можности и желби

Спортската активност за да биде корисна, не смее да биде ниту многу обврзувачка, затоа што тогаш станува збор само за игра, но ниту многу професионална, за да не дојде до претерување. Со спортски активности може да се почне од шестиот месец (мислиме на бебе - пливач) или гимнастички вежби кои мајката ги работи со бебето. Од втората до шестата година голем дел од физичките активности се дозволени како на пример: игри комбинирани со пешачење и качување. Исто така се препорачуваат и пливање, возење ролери, санкање, игри со топка, ритмички вежби. До третата година детето треба да стекне добар моторен развој, што значи да трча, да се качува, да одржува рамнотежа при одење на греда, возење трицикл или детски автомобил. Многу е корисно, уште од тогаш да стане свесно за својата автономија на движење и на друг начин, а не само со одење.

Помеѓу шестата и десетата година настапува период на занимавање со спорт од рекреативен карактер. За избирање со кој спорт ќе се занимава детето, не треба да одлучуваат само родителите, туку мора да се внимава и на желбите на детето.

 Спорт во време на пубертет

Често пати се поставува прашањето дали за време на пубертетот детето треба да ја намали спортската активност. Тоа во суштина зависи од индивудалните карактеристики, иако може да се каже дека има многу малку вистински причини кои би влијаеле на намалување на спортската активност: срцеви заболувања, пореметен метаболизам, пореметување во одржувањето на 'рбетниот столб.

 Дали постојат спортови кои се штетни за девојчињата?

Напишани се многу трудови за балерините чија карлица покажува тенденција на стеснување, што доведува до проблем при породување. Јавањето, понекогаш доведува до спуштање на матката и поттиснување на пршлените на кичмата, доколку девојчињата почнат да се занимаваат со овој спорт на многу рана возраст.

 

На колку години да се почне со:

Атлетика

Спринтерски и долги патеки трчање - по 13 години

Фрлање кугла, копје- 12 - 13 години

Скок во височина, далечина - 8 години (натпревари 14 години)

 Спортови со топка

*во групи

Кошарка: 12 - 13 год.

Фудбал: 8 год.

Ракомет: 9 -10 год.

Одбојка: 12 год.

Ватерполо: 12 год.

 *индивидуално

Тенис од 8 год.

 Спортови и движења

Возење велосипед од 8 - 9 год.

Пешачење од 6 год.

Јавање од 6 - 7 год. на пони

Падобранство од 17 год.

 Спортови и планина

Алпинизам од 14 - 15 год.

Скијање од 6 год.

Лизгање од 6 год.

Брзо лизгање од12 год.

Ролери од 4 - 5 год.

 Спортови на вода

Пливање од 4 год. (натпреварување од 10 години)

Нуркање од 14 - 15 год.

Веслање од 14 - 15 год.

Едрење од 6 - 8 год.

 Боречки спортови

Џудо од 7 год. (натпреварување 15 год.)

Бокс од 15 - 16 год.

Борење од 7 - 8 год.

Мечување од 8 год.

Стрелање со лак од 9 - 10 год.

Карате од 12 год.

 Други спортови

Гимнастика од 7 год.

Ритмичка гимнастика од 3 год.

Кревање тегови од 15 год.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали пивото навистина ја зголемува лактаци...
Да, но тоа не е заради алкохолот кој го содржи. Всушност алкохолот во овој случај работи против Вас
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Одбивање на едната дојка
Доењето на само една дојка не претставува проблем кој мора да се реши, ако мајката сака успешно да дои.
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?