|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Пушењето ја намалува плодноста

Редакција Рингераја, 21.10.2021
Пушењето има негативно влијание врз зголемување на неплодноста, како кај машката, така и кај женкста популација. Преземете нешто - престанете со пушењето!
Клучни зборови:

image
/11


Машките пушачи имаат помал број на сперматозоиди и повеќе абнормални сперматозоиди, во споредба со непушачите.

Женските пушачи имаат повеќе проблеми да останат бремени, во споредба со непушачите и имаат поголем процент на спонтани абортуси во тек на бременоста. Кај бремените жени пушењето може да го оштети плодот.

Пушење во исти простории во кои се наоѓаат и деца, значи дека и децата пушат пасивно. Тие деца почесто настинуваат, добиваат почесто воспаление на увото и респираторни заболувања, како што е астма.

По прекинување на пушењето организмот брзо се обновува:

-   Никотинот го напушта организмот во тек на два часа, а останатите опасни хемиски супстанци, како што е јагленородниот моноксид, се губат од крвотокот дури по 12 часа. Споредните продукти од никотинот се губат во тек на два дена.

-  Во тек на следните два месеци, се подобрува крвотокот на рацете и нозете, а белите дробови започнуваат да се обновуваат во тек на три месеци.

-  Се подобрува сетилото за вкус и мирис, кожата го губи сивкастиот изглед, а организмот се ослободува од мирисот на тутун.

Покрај штетното влијание на цигарите врз здравјето на човекот, друга причина заради која треба да се откажете од пушење е финансиската. Пушењето е скапо. Пресметајте колку пари ве чини секоја година. Со тие пари би можеле да си дозволите на пример одличен годишен одмор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 грешки во правењето бебе
Кога се обидувате да забремените, многу работи може да бидат пречка. Тоа не е секогаш лесно како што двојките сакаат и н...
4
Може да влијаете на полот на бебето?!
Овој гинеколог тврди дека може да се влијае на полот на идното дете
3
Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
3
Следење на овулација–промени на грлото на ...
Како да ги одредите плодните денови со пратење на грлото на матката?
3




Анкета

Миење на долниот дел.
пеперутка16

Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?