Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Редакција Рингераја :
Дали и кои вагинални инфекции влијаат на неможноста за забременување?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Вагиналните инфекции се потенцијално опасни доколку се прошират асцендентно кон грлото и телото на матката, а особено јацеводите(тубите). Најчесто поврзани со неплодност се хламидија, гонореа некои други неспецифични.
Редакција Рингераја :
Дали постапките лапароскопија и хистероскопија се болни и за која дијагноза се применуваат?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Обете постапки се извршуваат во општа анестезија, обично заедно. Тие спаѓаат во еднодневните, минимално инвазивни хируршки зафати кои се од непроценливо значење за дијагноза и терапија на морфолошкиот фактор на неплодноста. Постоперативна болка може да постои, но обично е издрлжива или лесно се купира со аналгетици.
Редакција Рингераја :
Што е микроаденом на хипофизата и дали претставува пречка за забременување?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Тоа е бениген тумор на хипофизата кој ако е навреме откриен ( а може – скоро секогаш го пореметува дотогаш редовниот менструален циклус или предизвикува течење на млеко од градите) се третира само таблетарно. Во случаи на тумор или само хиперфункција на тој дел од хипофизата(без тумор) покачени се нивоата на пролактинот во крвта и тие се чест причина за неплодност. Како и да е, сите тие состојби се релативно лесно излечиви и никако не треба да бидат основ за паника кај пациентката.
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...