vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Погледнете го нејзиниот Инстаграм профил
Анита беше прељубезна и ни одговори на неколку прашања поврзани со оваа нејзина страст.
Рингераја: Колку години постои брендот?
Анита: Брендот Rusevska design или Rusdesign lux постои веќе 8 години.
Рингераја: Што содржи понудата?
Анита: Понудата содржи рачно изработени парчиња накит и модни додатоци.

Рингераја: Како де роди идејата?
Анита: Самиот основач сум јас лично, каде идејата дојде многу спонтано и да кажам природно, бидејќи по природа сум уметник,работам во опера и балет, чувството за естетика отсекогаш било во мене каде неостварена желба ми е да сум моден дизајнер.
Со почетоците на изработка на накит некако низ годиниве како да ми исплива на површина креативноста која тлеела со години во мене и покрај музиката, накитот и додатоците ми се втора љубов.

Рингераја: Колку е тешко /лесно да се води ваков бизнис? Колку клиентите ја ценат рачната изработка?
Анита: На почетокот беше многу потешко кога започнував, бидејќи немаше толку понуда на материјал за разлика од денес...иако, Македонија е земја каде кубуриме со материјали за жал. Се снаоѓав како знаев..но желбата беше голема за работа и за експериментирање.
На работилници не сум била, јас сум самоука, па можеби ми било и потешко само да научам нешто да направам. Но...во тоа е и убавината.
За да се тера, ваков мини бизнис да кажам на почеток беше малце потешко. Имавме социјални мрежи за негова презентација, но не беше толку актуелна таа застапеност, па така...една ќе види што имам изработено, па ќе ме препорача...иако препораката за мене е најдобрата реклама!
За моја среќа, клиентите знаат да ја ценат рачната изработка, многу често ми велат "оставам на вас, како мислите-така" и тука највеќе уживам кога не сум ограничена.

Рингераја: Кои се најбарани производи?
Анита: Од се досега што сум изработила обетките ми се наааајбарани, некако сами си се издвоија, иако пак ќе кажам се имам во понудата, а сега за летово и нешто сосем ново ќе се спрема, нешто летно, нешто весело.
И благодариме на Анита за издвоеното време. Со нетрпение ја очекуваме новата летна колекција.



4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...
Колку е точен календарот за овулација?
Календарот за овулација може да биде корисна алатка за ориентација, но...
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...