Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Што да избегнувате, а што да нагласувате?
Избегнувајте ги т.н. "бели убијци". Исклучете ги од менито белиот шеќер, белото брашно, белата сол. Сите овие храни имаат висок гликемиски индекс. Тој често е причина за замор и поспаност. Наместо тоа инсистирајте на цели зрна.
Заменете го кафето со зелен чај, пијте многу свежо исцедено сокови. Избегнувајте ги пијалоците со вештачки засладувачи, бидејќи тие често ви даваат енергија за кратко, а потоа заморот ве напаѓа одеднаш.
Нагласувајте ги протеините со ниско ниво на заситени масти. Јадете нискомаслени млечни производи, соја, протеини, риба мисиркино и пилешко месо.
Ви нудиме пример мени на диета против пролетен замор. Не треба да го почитувате строго, доволно е да се придржувате кон основните принципи.
Ден 1
Појадок: Шне од белки, тост од пченкарен леб и чаша незасладен зелен чај
Ужина: 1 јаболко или чаша свежо исцеден сок од портокал
Ручек: 150 гр. филе од риба со гарнир од слатки компири и варен зеленчук
Ужина: 100 гр. сирови ореви по ваш избор
Вечера: 150-200 гр. пилешко филе на скара, гарнирано со 150 гр. рендана зелка и моркови
Ден 2
Појадок: чаша нискомаслен јогурт со свежо овошје.
Ужина: 1 јаболко или грст сирови ореви
Ручек: 150 гр. варено мисиркино филе со гарнир од варен зеленчук
Ужина: Чаша незасладен зелен чај и овошје по избор
Вечера: Чинија интегрални тестенини, гарнирани со сос од домати и свежи зачини.
Ден 3
Во третиот ден јадете само овошје, зеленчук и пијте свежо цедени сокови и чаеви. Количините се неограничени. Недостатокот на животински протеини во менито нема да влијае на вашата енергија. Исто така можете да вклучите и сирови ореви за дополнителна енергија.
Можете слободно да дефинирате мени за оваа диета, под услов да се држите до гореспоменатите правила на исхрана. Ако наоѓате време за спорт барем еднаш-два пати неделно, дури за 30 минути, пролетниот замор нема да ве нападне вас.
9
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Вашето бебе има 7 месеци? Еве што е важно да знаете
На возраст од околу 7 месеци, бебето станува сe пољубопитно и поактивн...
Кои се предностите на предучилишна установа?
Предучилишната установа е многу повеќе од место каде што децата го пом...
Како да ги вметнете боровинките во детската исхрана?
Боровинките се вкусно и хранливо овошје кое може да биде одличен дел о...
Капини во детската исхрана - да или не?
Капините се вкусно и хранливо овошје кое може да биде дел од разновидн...
Дали правилно ја поддржувате главата на вашето бебе?
Во првите месеци од животот, бебињата сe уште немаат доволно развиени ...