vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Разочарувањето е големо кога дрвото не може да преживее повеќе од 2-3 месеци. Прашањето е, зошто?
Купување на живо дрвце
Живите елки, кои се продаваат пред Нова Година, растеле во земја и малку пред да бидат пуштени во продажба се насадени во саксии. Коренскиот систем на дрвцата е поширок и затоа обично се сече за да го собере во тесната саксија. Затоа не купувајте големи елки во мали саксии - тие најверојатно нема да ја преживеат зимата. Покрај тоа имајте на ум дека, колку помало е дрвото, толку полесно ќе се адаптира на промената.
Пред да ја купите, малку подигнете ја елката од садот, за да и ги видите корените. Тие треба да изгледаат свежи, а почвата треба да биде влажна. Ако елката е голема, а саксијата мала, веднаш пресадете ја во поголема саксија.
Неправилна грижа за елката
Многу често, за време на купувањето дрвцето изгледа витално и свежо, а крајниот исход е повторно негативен. Зошто?
Во зима елката се наоѓа во состојба на мирување а долгиот престој во затоплена просторија ја "буди". Тоа ја прави исклучително подложна на замрзнување.
Еве како може тоа да се избегне:
- По купувањето дрвото ставете го на балконот и внесете го на топло во последен момент, една недела пред Нова Година. Така дрвото ќе има можност да се аклиматизира.
- Местото каде што ќе стои елката треба да биде подалеку од грејни тела - клима уред, радијатор или клима.
- Одржувајте ја влажноста на воздухот, за елката да не страда од сувиот воздух.
- Не ставајте многу тешки украси на елката и не ставајте ламбички со голема моќност, бидејќи се загреваат.
По празниците
Колку помалку време стои елката во топла просторија, толку се поголеми нејзините шанси за опстанок. Не пресадувајте ја веднаш. Повторно дајте и време (околу една недела) за аклиматизација на балконот. Обрнете внимание дали има нови врвови со посветла боја - тие се сигурен знак дека дрвото се разбудило и ако го оставите надвор, ќе замрзне. Ако не сте го нарушиле мирувањето на елката, засадете ја во својот двор. Изберете само ден со позитивна температура, за да можете да ја обработите земјата. Имајте на ум дека иглолисните дрвца преферираат камени почви во кои пуштаат длабоки и здрави корени.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...