|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Дневникот на Pepelaska###

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Толку и од овој ден , се стемнува веќе. Додека спиеш ти јас крадам малку од нашето време да седнам и да одморам. Исчистено е, твоите алиштенца се испрани ене ги висат над шпоретот за да се исушат најбрзо што може. Шишенцата се измиени, водата зовриена а сокчето ене го спремно те чека да се разбудиш од слаткото твое сонче. Да не треба да направам уште нешто? А да, да видам дали има доволно млеко во кутијата, до каде сме стигнале со пелените, влажните марамчиња ете и тие биле при крај, треба да одиме да купиме.

Решавам да седнам да одморам и да го опуштам малку мозокот, минуваат само 5 минути од одморот и веднаш наидуваат овие прашања.Тогаш се прашувам - а зошто да одмарам ? Треба да смислам нова игра, треба да смислам нова песничка за кога ќе се разбудиш да се слуша твоето смеење низ целата куќа. Оваа соба веќе не личи на соба кога ти не си во неа, кога нема расфрлени тропалки, до пололина или цели испразнети шишенца, па и некоја полна пелена, не, не,овде нема ништо ако не се слуша твоето гласно смеење, ако не се слуша нашето гугање.

Ајде разбуди се мило, мама е одморена, доста и е пауза, сака да играте, сака да пеете, да шетате и да разгледувате се што има.

Денес мојот свет кој некогаш беше шетање и забава е заменет со детски приказни, денес јас сум мајка на која не и е важно дали е облечена во најстарите тренерки или во најскапиот фустан, дали ги носам оние ниски патики или одамна заборавените штикли, мојот кармин се замени со вкус на свежо приготвените кашички и сокчиња, моите кафиња со другарки се заменети со едно експресно утринско кафе чекајќи те тебе да се разбудиш и заедно да поминеме уште еден незаборавен ден.

Ако некогаш моите денови беа обоени со една иста боја, денес се исполнети со шаренило, еден куп насмевки , најубави зборови изговорени од тоа мало усте. Ако некогаш ми недостигало љубов денес ја имам во изобилство, оние мали очиња светат од радост а оние мали подадени рачиња ме расплакуваат.

 

А сега морам да одам зашто сокчето треба да се испие :)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нов Лино календар и Лино плишано мече
И оваа година мечето Лино за своите пријатели подготви нов Лино календар, но оваа година имате прилика да освоите и нешт...
6
Електричен удар кај деца
Децата се природно љубопитни и често се во опасност од повреди дома, особено од електрични удари.
4
Избираме најубава творба: Медеја Анѓелковска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Медеј...
4
Играчките и децата
Играчките не се „само нешто да го заангажира вашето дете додека готвите“. За детето, играчката е првиот пријател, првиот...
3




Анкета

Абортус.
пеперутка16

Абортус ако второто дете не е машко, бидејќи првото е женско.

Јас не сум за тоа. (100%)

Да, колку што се согласуваат и двајцата партнери. (0%)

Раѓај, иако не сакаш женско дете. (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!