namesp во 10:11
Надминете го стравот од породување
Редакција Рингераја, 12.1.2022Стравот од породувањето е нормален. Многу жени немале можност да видат како изгледа породувањето, пред првата бременост. Токму заради тоа, младите мајки сакаат што подобро да се подготват за тој чин.
Загриженоста која ја чувствуваат жените може да биде продуктивна и да ги поттикне да направат најдобри одлуки за себе и за своето бебе. Информирањето за породувањето и за тоа што ќе се случува во тек на целиот процес е многу значајно, бидејќи психички подготвената мајка може да му го олесни доаѓањето на бебето на свет.
Сепак, за некои жени проблемот се појавува кога ќе се појави непродуктивниот страв од породувањето, па носат погрешни одлуки за начинот на породување и не можат да уживаат во бременоста. Освен што се оневозможува адекватна подготовка на мајката, претераниот страв може да создаде проблеми и во текот на породувањето. Женското тело е програмирано да го запре процесот на породување, кога ќе почувствува несигурност или страв. Затоа стравот за време на породувањето треба да се намалува, а не да се интензивира.
Ако се плашите од породувањето постојат неколку работи кои можете да ги направите уште сега, а кои ќе Ви помогнат да го надминете тоа чувство. Наместо да се плашите, испитајте ги причините за својот страв и информирајте се за тоа од што се плашите. Надминувањето на стравот е првиот чекор до нормално породување, кое ќе помине без компликации.
Позитивен став: Вашиот став за породувањето е изграден врз основа на тоа што го замислувате во врска со породувањето и процесот на раѓање. За почеток, престанете да мислите на породувањето како на нешто што Ви се случува Вам. Породувањето е она што треба да го направите за Вашето дете, за тоа да дојде на свет. Процесот на породување е нешто што Вашето тело ќе го изведе – ќе предизвика контракции на мускулите на материцата и ќе се однесува во согласност со природата. Според тоа, здружете се со своето тело, наместо да го спречувањето со стравот од она што следува и слушајте ги неговите сигнали, бидејќи телото знае што прави. Можеби нема да можете да го контролирате самиот процес на породување, но постојат многу начини да соработувате со Вашето тело и да ги слушате сигналите кои Ви ги испраќа. Така ќе влијаете на она што се случува и ќе му помогнете на телото да напредува во процесот на породување. Запрашајте се зошто имате таков став и зошто се чувствувате така. Одговорите кои ќе си ги дадете ќе Ви помогнат да развиете здрав став кон овој фасцинантен природен процес.
Информираност: Во многу случаи стравот е предизвикан од несигурност. Понекогаш причината лежи во неинформираноста. Информирајте се, читајте, гледајте и учете за породувањето и тоа ќе го намали стравот. Дознајте ја разликата меѓу нормалниот процес на породување и породувањето со царски рез. Дознајте повеќе за опциите кои ги имате, вклучувајќи ги потенцијалните предности и ризици. Информирајте се за техниките на олеснување на болките при породување и за другите техники кои Ве интересираат.
Поддршка: Во текот на бременоста бидете опкружени со луѓе кои Ви даваат емоционална поддршка и охрабрување и пронајдете начин да се оддалечите од луѓето кои Ве обесхрабруваат, или застрашуваат. Покрај тоа, секогаш може да поразговарате со гинеколог или бабица, кои ќе Ви помогнат да го надвладеете стравот.
Имајте реални очекувања: Трудниците се често публика на жени, кои веќе се породиле и кои ќе им раскажат застрашувачки, дури и хорор приказни од породување. Иако веројатно не припаѓате во малата група на трудници кои воопшто не се грижат за процесот на породување, сигурно не сакате да припаѓате во групата на трудници кои, под влијание на застрашувачките приказни ќе мислат дека породувањето е најлоша можна работа која може да Ви се случи. Прво што треба да знаете е дека личностите кои тоа го раскажуваат не биле доволно информирани за породувањето пред неговиот почеток, па најверојатно немаат ни точна информација за тоа што се случувало. Всушност, таквите приказни се врз основа на субјективно чувство и нагаѓање. Можете да слушнете приказни за царски рез бидејќи “породувањето никако не можело да започне”, или бебето било во опасност бидејќи “пукнал водењакот”. најдобро е Вашите очекувања да бидат реални, дури и по цена да забраните да се раскажуваат хорор приказни во Ваша близина. О овде едукацијата прави чуда: Што повеќе знаете тоа помалку им верувате на другите, туку верувате во себе.
Преземете контрола: Породувањето не е нешто што не може да се контролира. Денес на трудниците им се нудат разни можности, така што можат да изберат каде, како и со кого ќе се породат. Се' останува на Ваша одлука. Породувањето е нешто со што управувате Вие и Вашето тело и никој друг. Информирајте се за тоа што се случува и ќе бидете многу посигурни во себе кога породувањето ќе започне. Дознајте за можните компликации и планирајте што да правите во неочекувани ситуации. Подготовката дава голема самодоверба, за што и да станува збор.
А болката...болката ќе дојде и ќе помине, а Вие ќе донесете да свет мало и единствено чудо на природата. И така ќе започне нова авантура во Вашиот живот.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
