Деновиве социјалните мрежи се преплавени со постови по повод светската недела посветена на доењето. Меѓу мајките кои со споделување на своето искуство ја дадоа својата поддршка се вбројува Миа Костова, која на својот инстаграм профил објави:
" Конкретно во мојот случај нималку трауматично искуство како чин во кој 'бебето цица'. Минимална болка, воспоставена лактација 10 часа по царски ( бебе од 4300), веројатно и силата на бебето помага, никогаш проблеми со рагади или мастити иако не ја сакаше едната града па знаеше да направи проблем понекогаш ама брзо го решивме. Мал трик од баба ми е дека последните 2 месеци од бременоста после туширање кога градите се 'меки од водата' со крпа која е крута со брзи движења да поминувате врз пупката додека не ве здоболи буквално секој пат кога имате прилика, така ја спремате градата што ја чека. И вистина успева....
Е сега, доењето не е само да те боли и да имаш млеко... Психичката состојба на мајката е исклучително важна.
Андрија беше бебе кое напредуваше по 1500-1800 на ексклузивно доење, без вода и без никаков додаток. Одлична количина на млеко (ич да не ве лажат дека треба да пиете боза и пиво, расте само газ, никако нема врска со количината на млеко) млекото е побарувачка и потрошувачка. Колку повеќе цица толку повеќе млеко се произведува.
И така цели пет месеци во кои јас, комплетно сама од утро до мрак доев секогаш кога Андрија имаше потреба, немав врзано два часа сон, доев секогаш и секаде. Без партнер, без баби, без никој дома освен јас и тој.
До еден момент кога почнав да го губам умот и не знаев кога ќе заплаче и ќе погледнам на саат дали е 6 наутро или 6 попладне, ми се случи да отворам плакар сакајќи да влезам во тоалет да мочам и сфатив дека повеќе не е здраво разумски она што ми се случува. Често ми се случуваше да го оставам да вришти затоа што го дојам а нема кој да изгаси вода која врие на шпорет или едноставно нема кој да го земе два саати да паднам во сон. И тогаш сфатив дека мојот здрав памет е поважен од тоа да го дојам цела година.
Решив да вклучам адаптирано млеко пред спиење и полека да ги менувам подоите за полесно да оди процесот.
Не можам да ви објаснам што ми се случи кога после 3 дена врза 5 часа сон иако не беше плачко ама сакаше да спие на града.
Нејсе, зборот ми е дека никој нема да го оспори фактот дека НЕ ПОСТОИ подобра опција од мајчиното млеко за вашето бебе. Едноставно НЕ ПОСТОИ.
Но никако по цена на психичкото или менталното здравје на мајката.
Мирна мајка - спокојно бебе. Наздравје доење.
Мајчиното млеко е вистински избор затоа што нутритивно нема подобро за вашето бебе, не е направена таа формула во светот што може да биде замена за мајчиното млеко. Млекото на мајката е 'паметно' па знае да биде соодветно за бебето чие што е. Има систем за ладење и греење на бебето, не знам дали знаете, ако бебето е загреано млекото е поладно и обратно. Расте во хранливодт од ден во ден како што расте бебето. Формулата не ги содржи антителата од прележани болести на мајката и не е природна вакцина како мајчиното млеко. Но, ни една мајка не е помалку мајка ако не дои.
Секое кенкање и настинка се полесни на цицка, признавам, ама во ова брзо време верувам дека имунитетот на детето е многу повеќе наследен отколку врзан за тоа колку е доено.
Крајно, уште еден факт 'нервозно мајчино млеко' е поштетно од секоја формула, и тоа треба да го знаете.
И да, сите ќе пораснат, тоа е неминовно, нема да ви кажат фала дека сте ги доеле три години. Обидете се, дајте се од себе, ама ако не оди - не оди."
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
5
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
4
Кога доењето боли
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем ед...
4
Да, навикнувај го бебето во раце!
Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и ...
4