|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
me_mother_of_three доловува емотивна случка од животот

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кога имате деца, секој ден е полн со изненадувања, особено од изненадувачки (тешките) прашања кои децата постојано ви ги поставуваат. Веќе имам (какво - такво) искуство и опремена сум со инстант решенија за незгодни прашања, но пред некој ден, моето најмало дете, 5 годишниот син, ме остави без зборови.

Се разбуди и прво нешто што изговори беше - мамо, што е животот? Во обид да ја скријам мојата неспремност и изненаденост, барајќи зборови со кои на 5-годишник би му објаснила што е животот, се фатив себе си оставена без зборови и потоната во сопствени прашања, па навистина, што е животот?? Како во своите 35 години не успеав да си одговорам на ова прашање. Ќе биде добар филозоф од тебе - му реков. Прв пат во животот променив тема на разговор,му одвлеков внимание со појадокот и планови за денот. Но, три утра подоцна, син ми по четврти пат се разбуди со тоа прашање. Два дена претходно разговаравме дека животот е кога ќе се роди бебе, гледавме видеа како се создава бебе ( цртан филм, секако, соодветно анимиран за негова возраст), па дојдовме до некој задоволувачки разговор дека животот е стандардното - се раѓаме, растеме, учиме, живееме, имаме деца, внуци, па умираме. Сепак, не доволно задоволувачки за 5 годишно дете. Ни за 35 годишна мајка всушност. На четвртото утро кога го постави истото прашање, решив дека мора да преземам нешто посериозно.

Една година од животот, живееме во пандемија. Една година од детскиот живот, детството, нивниот развој е во застој. Нема дружење со другарчиња, нема посета на роднини, нема гости дома, нема одење во продавници, нема шетање без маска... Стрес, стрес, стрес. Постојано читам артикли од психолози на оваа тема и истите тврдат дека сето ова има поголем стрес врз децата. Повеќе од една година сум 24/7 заедно со нив, па си спомнувам колку пати биле сведоци на сериозни разговори помеѓу возрасни дома или присутни додека разговарам на телефон. "Ова не е живот" - сум спомнала многу пати, се присетувам. Затворени дома, изолирани од сите, "семејните собири" се сведуваат на онлајн разговори преку камера. Пред да смислам (уште еден недоволно добар) одговор тоа утро, му реков - животот е нешто што не се објасува со зборови туку се доживува. Ги испратив децата да измијат заби и им најавив дека денес ќе имаме целодневна активност во која ќе доживееме она што брат им прашува - што е животот. Секој од тројцата зеде учество во подготовката на појадокот. Јадевме низ разговор, со смеа и музика во позадина. Сонцето беше на наша страна. Набрзина подготвивме ранец и отидовме до блиската плажа. Иако беше средина на април, се ослободивме од јакните, од маските, од обувките и чорапите. Трчавме по песокот, шлапкавме во езерото, градевме замоци, ги храневме лебедите. Без вести, без тензични корона разговори, без маски, дишевме со полни гради, без одвикнување "не допирај тука", плажата беше празна. Среќа, се што гледав на нивните лица во тој момент беше среќа, среќа која ми ги исполнуваше градите додека безгрижно дишев после една година. Најмалиот син легна на песокот, гледаше во небото, се смееше, мижуркаше додека сонцето му сјаеше во очи. "Ова е животот" - му реков и неговата насмевка покажа дека најпосле тоа е одговорот кој толку го бараше. Безгрижна игра на плажа, дишење без маски, газење бос по песокот - тоа е животот и се што за едно 5-годишно дете треба да претставува животот.

 

me_mother

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кратки поуки од големо значење
Понекогаш еден мал совет, може многу да промени во нашите животи. Затоа убаво прочитајте ги овие кратки поуки од еден Мо...
4
Моите иако немаа многу, ми дадоа се!
Во животот не барав многу,само здравје и трпение за с? она што се случуваше околу. Не сакав работи кои не ми се заслужен...
4
Продолжен е зимскиот распуст за учениците
Зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта ќе продолжи и наредните два дена. Второто полугодие почну...
4
Некои бактерии се хранат со антибиотици?
Антибиотиците можат да спасат илјадници животи на заболени од сериозни болести, како менингитис и пневмонија. Иако во по...
4




Анкета

da li
zelba

vasiot maz vi bil prv so kogo ste spiele ( samo onaka poradi zabava me interesira , moze i da komentirame :)

da (48%)

ne (48%)

ili ako postoi nesto treto :) (4%)


Број на сите гласови: 135

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!