Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Со цел да се следи здравјето на жените, секоја трудница ќе треба да поседува мајчина книшка, документ кој задолжително се употребуваше пред десет години, најави вчера министерот за здравство Никола Тодоров.
Обновувањето на овој документ го објасни со фактот дека користењето на овие книшки дало резултати.
- Целта ни е да се подобрат здравјето и квалитетот на животот на бремената жена, како и да дојде до намалување на здравствените ризици за здравјето на мајката и на доенчето. Kнишката е еден вид протокол кој ги предвидува сите чекори што треба да се преземаат во текот на бременоста и ниту еден не треба да биде пропуштен. Ќе имаме здравствени информации за секој стадиум и секоја фаза од бременоста. Ќе се следи континуирано и може многу полесно да се преземат сите потребни мерки што ќе се утврдат во текот на прегледите што ќе се прават - истакна Тодоров.
Мајчината книшка, заедно со предвидените редовни прегледи, е една од формите за борба против смртноста на доенчињата, која според статистиката, во првите месеци е во пораст. Според него, податокот за смртноста на доенчињата во првиот квартал е загрижувачки иако вели дека податоците се само за првите месеци и оти треба да се направат анализи на годишно ниво и да се најдат причините за тоа.
Тој објасни дека 10-ина доктори за целата територија се малку и оти за надминување на оваа состојба дадени се согласности за прием на нови доктори на Kлиниката за онкологија и дека наскоро тоа ќе се направи и на Институтот за патологија.
5
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...