|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Крал Волкашин и Марко Крале

Детско катче, 15.8.2010
Македонски народни приказни

image
/11


Кога му се родило првото дете на Крал Волкашин, тој од мерак, детето уште не задоено, го избањале, го повиле и го пратил в црква да го крстат. Кога се вратиле од црква ги прашал:

-          Го крстивте детето?

-          Го крстивме.

-          Какво име му дадовте?

-          Тој ќе се вика Марко Крале.

Волкашин, од мерак дека му дале такво име на детето, поканил гости на треќа вечер да дојдат на вечера во неговата кралштина. Дошле гостите, вечерале и легнале да спијат. Арно ама, кралот Волкашин сакал да чуе каков к’смет ќе му наречат наречниците на детето и се сместил во едно ќоше, божем спие. Дошле наречниците во глуво доба и едната рекла:

-          Е каков к’смет да му наречиме на детево?

Па другата рекла

-          Да му наречиме некој голем к’смет, кралско дете е.

Третата рекла

-          Голем к’смет: да биде јунак, поголем јунак од него да нема. Кога ќе порасне, кога ќе стане момче на осумнаесет години, на татка си да му ги искрши коските.

Кога чул што му нарекле наречниците кралот Волкашин се налутил:

-          Ај мајката, тој мене да ми ги искрши коските?

Зел сабалјето една кошница, го ставил Крале Марко во неа и го фрлил во Вардар.

-          Ајде ти што ќе ми ги скршиш коските, крши глава!

Ја фрлил кошницата. Но џабе, тоа што ти е пишано, не се брише.

Си чувал некој овчар, овци покрај Вардар, кога гледа во водата плива кошница, а во кошницата плаче дете. Полека, полека, влегол во Вардар, ја фатил кошницата, кога гледа во неа машко дете. Го извадил и го однел дома кај жена му. Го чувале седум, осум, десет години. Убаво го гледале, но не знаеле дека на детето му е наречено да биде јунак. Излегло детето на улица да си игра со децата, фатило едно дете го лупнало од земја, фатило друго, го лупнало од земја...ги испотепало децата. Фатиле да се жалат селаните:

-          А бре, рекле, од кај го најде овој ѓавол, ни ги испотепа децата? Барај му чаре!

И што да прави овчарот, имал неколку телиња, ги присобрал и селските телиња и го пратил детето во планина да ги паси. Ги пасел некоја година, додека наполнил тринаесет години, ама телињата фатиле да му бегаат наваму, натаму. Тој зел со стапот, едно натаму, друго натаму, ги испотепал телињата. Кога се вратил, очувот му вика:

-          Кај се телињата?

-          Ене ги лежат таму.

Кога отишол, што ќе види, сите телиња истепани.

-          А бре ѓавол еден, кај те најдов јас тебе, толку беља ми донесе. Кај моите, па сега и селските телиња да ги плаќам. Крши глава, кај ти очи таму ти глава, да не те видам овде!

И тој избегал. Излегол и отишол таму некаде, кај некоја река, па тепал шатки и така живеел и се хранел.

Арно ама некој ден, некој човек правел свадба. Си поканил сватови, си поканил кум, старосват, ама девер неможел да најде. Тешко се најдувало девер тогаш, од планините иделе ајдуци, арамии. Сите сватови ќе се разбегале, ама деверот имал заклетва да мора жив, мртов, да седи покрај невестата.

Се собрале сватови и за кум го поканиле кралот Волкашин. Бидејќи не можеле да најдат девер кумата рекла:

-          Тргнете, одете си вие, првиот среќник што ќе го сретнете по пат, него да го земите за девер.

Поминале сватовите кај што седел Марко и го зеле него за девер. Го зеле, го седнале до невестата, кога излегла некоја Арапина, од некоја планина. Кога го виделе тоа сватовите ги исфрлиле даровите и избегале. Останале само деверот и невестата. Арапинот отишол кај деверот и му рекол:

-          Дај ми го дарот и бегај оттука, зошто ќе загинеш млад и зелен!

-          Е, јас немам никаков дар, дар мене ми ја дадоа невестата да ја чувам. Ти ако сакаш, ајде да се биеме, глава овде оставам, ама невестата не ја оставам.

И така Марко го убил, го превртил Арапинот и му ја пресекол главата. Ја зел и ја однесол кај сватовите што правеле свадба. Кога оди таму, во дворот, се собрале сватови, јадат, пијат, за Бог да ги прости невестата и деверот. Кога го чул тоа Марко, ја зел Арапската глава и им се качил на масата кај што седеле. Сватовите се уплашиле и сакале да побегнат, ама тој им рекол:

-          Ќутете и седете, оти на сите ќе ви ја исечам главата како на Арапинот што му ја исеков.

Седнале така сите, ја зел тој главата од Арапот и ја ставил пред кумот. Кумот бил татко му, ама од кај ќе го познај.

-          Абре, ти каков кум си? Остај ја невестата и бегај, а?

И туку го удрил со боздоганот татко му в гради, му ги искршил сите коски. Кралот Волкашин го гледал, гледал, гледал и рекол:

-          Абре дете, ти од кого си, кое колено си, кој ти е татко, која ти е мајка?

-          Не знам за татко, а мајка ми е Вардар.

Кралот Волкашин се сетил дека пред осумнаесет години го фрлил детето во Вардар, се сетил на зборовите од наречниците дека син му ќе му ги искрши коските, станал, го прегрнал и го бакнал сина си:

-          Е море дете, знаеш ли од кого си? Мој син си!

Марко Крале се поклонил, му бакнал рака на татка си и клекнал на колена:

-          Прости ми татко!

-          Е, рече кралот, простено нека ти е, јас тоа го чув уште треќата вечер, дека ќе ми ги скршиш коските, и затоа те фрлив во Вардар.

Потоа сите среќно си живееле.

 

Адаптирал: Синадиноска Барбара

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Три минути во главата на 2-годишно дете
Џејсон Гуд е американски писател и комичар, татко на двегодишен син, кој за него претставува постојан извор на инспираци...
19
Што и е потребно на мајката за да не полуди?
Кога секојдневието е исцрпувачко и секој ден се чини дека трае по 30 часа и покрај сета добра волја, на секоја мајка и с...
19
Како да бидете подобра мајка во 5 чекори?
Овие пет чекори се работи кои веќе ги правите. Тоа што сте мајка е доволно! Повелете:
10
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
6




Анкета

/
Jana9

Ime

Andrej (40%)

Teo (20%)

Milos (0%)

Vasil (0%)

Stefan (0%)

Jakov (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!