Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Лебарки
Умеат да се приспособуваат кон секакви услови и да издржат дури и радијација. Ништо чудно што масакрот на лебарки е толку тежок. Непријатните инсекти се не само одвратни на изглед, но претставуваат и сериозна опасност за здравјето, бидејќи пренесуваат различни бактерии и вируси, а предизвикуваат и алергии.
Се хранат со речиси сè - од отпадоци од храна до козметика и лепило. Појавата на лебарки може да се должи на два фактора - лоша хигиена (не е задолжително да е од вас, може да е од соседите) или на дефекти во зградата (пукнатини).
Ставете коцки со отров во бањата, во кујната, зад фрижидерот, околу мијалникот и цевките - лебарките сакаат влага. Менувајте го отровот, бидејќи инсектите привикнуваат кон него и наскоро им станува дел од менито. Замолете ги соседите исто така да преземат мерки. Не оставајте остатоци од храна, ѓубре или трошки - тие се омилени специјалитети на лебарките.
Глувци и стаорци
Глувците исто пренесуваат болести и зарази, а отровот не секогаш помага за нивно уништување. Затоа треба да бидете покреативни. Пополнете ги сите дупки на ѕидовите, аглите и околу цевките. Побарајте специјален лепак за глувци - се продава во ветеринарните продавници.
Популарен метод е и поставувањето на мешавина од гипс и брашно во аглите, а до неа и сад со вода. Ако глушецот влезе во искушение да проба, повеќе нема да ви пречи. Повеќето семејства ќе се одлучат на глувчето да му пуштат мачка. Дури и да не ги фати, мирисот кој го шири мачката, ќе ги протера од вашиот дом.
Штетници во градината
Причините за појавата на штетници на растенијата се различни – преголемо наводнување, неправилен распоред на цвеќето во домот, а понекогаш (во пролет и лето) нема оправдани причини за нивното "гостување".
Колку порано ги забележите, толку полесно ќе се ослободи од нив. Против лиснати вошки помага раствор од тутун и вода (1:10). Ако на растенијата се појават паразити кои го пијат сокот од листовите, измијте ги листовите со млака вода со сапуница.
Против црви стратегиите се две - ставете во саксијата изгниен плод, надевајќи се дека штетниците ќе го претпочитаат него пред цвеќето. Ако можете, избегнувајте третман со препарати.
Мувла на ѕидовите
Мувлата се појавува при влага. Затоа првата задача во борбата со мувла, е да го отстраните изворот. Можете да купите апсорбер за влага – се продаваат во повеќето продавници за домот. Ако пак сте купиле препарати против мувла, мора да бидете внимателни со нив, бидејќи содржат штетни материи.
Нанесувајте ги само со маска на устата и напуштете го домот за неколку часа, додека дејствуваат. Проветрувајте почесто и подолго, за да ја спречите појавата на мувла.
Тврдоглави дамки
Дамки од кечап или сенф по чаршавот, крв на облеката или разлеано вино на тепихот – се тврдокорни дамки кои се едни од најголемите кошмари на домаќинката. На штандот со детергенти можете да го најдете своето решение за проблемот, но понекогаш дамките едноставно не се чистат.
Во таков случај се наметнува да прибегнете кон бабините рецепти. Солта и лимоновиот сок се едни од најсилните оружја против тврдоглавите дамки. Исто така помагаат и глицеринот и лакот за коса, а понекогаш е доволно веднаш да ја натопите дамката во ладна вода.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...