vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
- Мамо, каде е бато, сто години го немам видено? Кога ќе си дојде? Но мамо, што јаде бато, дали му е страв да спие навечер? Јави му се на професорот и кажи му да го пушти бато да си дојде, сакам да го видам. Сто години го немам видено...
Мене срцево ми се стега како копец. Сакам да речам – И јас малечка моја како сто години да не сум го видела. Се надевам дека добро јаде и дека добро се снаоѓа. Ми иде и јас да заплачам заедно со тебе и еве цела кнедла ми стои на грлото, но не смеам. Се смеам и те тешам, никако не смеам да си дозволам да ме видиш дека плачам. Се правам дека не е многу време, дека не се многу уште седум дена. Се обидувам да се претворам во камен и да се смеам пред тебе, додека душава плаче за него...
- Мамо, кажи му на бато веднаш да си дојде. Ајде веднаш јави се кај професорот и кажи му дека М. плаче. Или дај ми го да му плачам, да го пушти бато да си дојде. Но чекај, темница е сега, страшно е да си иде сега. Ајде јави се кај тато и кажи му да одиме со колата по него. Јави се мамо и кај професорот и кај тато...
Како ли само да ја смирам оваа сестричка која веќе почна да липа? Срцето ми се стега додека ја тешам, додека и кажувам дека не се многу уште седум дена, а знам дека се премногу.
Ладниот компјутер ми помогна да ја утешам.
Ова малечко кое мислиш дека ништо не знае за љубовта, почна да го бакнува мониторот. Да плаче и да го бакнува мониторот. Не натера и сите виртуелно да се гушнеме, јас, таа, бато и девојката на бато. Им даваше и коцка чоколадо да каснат. Ги тераше да јадат пред неа, за да види дали добро се хранат.
На ова малечко, кое мислиш ништо не знае за љубовта, му олесна и заспа среќно.
Јас останав уште долго вкочанета од нејзините постапки.
Ова малечко, кое мислиш ништо не знае за љубовта, на свои пет години совршено прецизно ми долови колку една сестра може да сака брат.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...