Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Морате да бидете свесни дека со бременоста доаѓа и голем физички и психички замор и стрес. Одморањето и опуштањето се задолжителни. Во прилог се неколку совети како да се приморате себеси на задолжителна релаксација.
Забавете. Тешко е да се одржува нормален работен ритам и на работа и дома. Наместо да се трудите да бидете како порано, изменете го својот распоред. Морате да се прилагодите на физичките и емоционалните промени на своето тело.
Префрлете дел од обврските на некој друг. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас во текот на бременоста. Некои обврски префрлете ги на сопругот, некои на вашите најблиски, а нешто и на колегите на работа.
Планирајте. Размислувајте и планирајте однапред и така намалете го стресот. Имате слободно време да размислувате за породувањето, педијатарот на детето и грижата за него, дури и во раната бременост.

Нека не ве загрижуваат небитни работи. Подгответе ги за бебето најосновните работи, како креветче, облека, кадичка, шишенца и слично. Немојте да се оптоварувате со непотребни работи за бебето, кои служат само за да ви ги извадат парите од новчаник.
Не ги слушајте сите. На младите трудници им се даваат еден куп совети и се оптоваруваат со непроверени работи кои предизвикуваат вознемиреност и стрес. Избегнувајте ги и за се што ве интересира консултирајте се со вашиот гинеколог.
Паузите се многу важни. Одвреме навреме во текот на денот одморете, на 15 минути или пола час. Одете на викенд со саканиот, на фризер или на педикир. Секако, не смеете да го нарушите сонот. Одете навреме во кревет.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...