namesp во 10:12
Како да се намалат болестите кај децата?
Редакција Рингераја, 13.12.2012
На климата тешко дека можеме да влијаеме, но неколку работи можеме да се обидеме да ги поправиме. Накратко:
Болните деца не треба да се ставаат во група. Знаеме дека не се исплаќа да бидеме на боледување, но тоа не смее да биде поважно од здравјето на детето. Заради тоа болните деца треба прво да оздрават, па потоа да се вратат во група. Тука нема компромис. Ова секако не важи за децата кои се малку настинати – малку им тече носето, малку поткашлуваат, но немаат покачена температура, убаво јадат и активни се. Ова може да се прогласи за нормална состојба во овој период од годината.
Треба да се пронајде на што е детето чувствително. Секое дете има некоја слаба точка.. Некое има проблеми со крајниците некое со алергиите, а некое лесно добива ди јареја. Задача на педијатарот е да го “намириса” проблемот кој хронично го мачи детето и да го излечи и санира во мера на детето да може да му се овозможи нормален живот и здрава социјализација. Тоа е во доменот на педијатарот кој го следи детето.
Здравата исхрана е столб на здравјето. Веќе кажавме колку здравата исхрана е важна за развојот на децата, но и за јакнење на одбранбените способности (имунитетот) Од мали нозе децата треба да се хранат здраво, па тој образец ќе остане и до крајот на животот. Што повеќе се користи свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, нерафинирано масло и природни сокови, толку повеќе детето ќе добе неопдодни витамини и минерали.
Унапредување на хигиенските услови во градинките
Иако ситуацијата е подобра од порано, далеку е од идеална. Шокантно звучи фактот дека има тоалети во училиштата во кои се влегува само ако се мора и подобро е да се “трпи” до дома. Тука се работи за катастрофална организација на средствата и немање на приоритети. Затоа мора да се продолжи борбата за максимално подобрување на хигиенските услови во објектите каде престојуваат многу деца.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од с...

Без оглед на налепниците и внимателното читање на составот, постојат големи шанси да јадете и несакани додатоци во храна...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Семејството веднаш по крштевката на малиот принц Џорџ е фотографирано и изгледа прекрасно.Малиот принц беше обле...
