|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто многу деца се болни?

Редакција Рингераја, 11.12.2012
Што се случува, од каде толку инфекции? Во градинките и училиштата скоро една третина од децата се на боледување. Едни кашлаат со недели, други повраќаат и имаат дијареја. Малку ќе оздрават па “Јово на ново”. Кога бевме ние мали не беше вака...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Зошто е така?

Да се даде јасен и прецизен одговор на ова прашање е многу тешко. Некои причини за зголемување на бројот на болни деца се познати, но некои се во доменот на претпоставки.

 

Од каде толку голем број на вируси?

Постои огромен број (преку 200) типови на респираторни вируси кои ги напаѓаат дишните органи кај децата и кои господарат последните недели и месеци. За жал на овие вируси не е имун детскиот одбранбен систем. Тоа значи дека детето може да добие тип 12, па неделку денови по оздравувањето тип 24, па тип 8, па тип 101 и така во круг. Иако се работи за различни видови грип тие имаат исти или слични симптоми, па на родителите им се чини дека детето постојано е болно од истата болест, а всушност се работи за сериска инфекција.

 

Дали временските промени имаат влијание?

Имаат, од две причини.

Првата лежи во фактот што изненадните временски промени им одговараат на микроорганизмите. На пример, топлите есенски денови им одговараат на вирусите кои предизвикуваат инфекции на органите за варење (повраќање, дијареја), а ладното време им одговара на вирусите на грип. За жал, постојат бактерии на кои им одговара топло – ладно, па тоа дополнително ја комплицира ситуацијата.

Од друга страна пак и децата се метеопати! Не се само бабите и дедовците “привилегирани” да ги чувствуваат промените на времето. Бебињата уште во мајчината утроба ги чувствуваат климатските промени.

 

Зошто децата се разболуваат почесто ако одат во градинка?

Тоа е последица на престојот на поголем број деца со иста или слична возраст на исто место. Градинките се места во кои треба да се дружат здрави деца, но тоа за жал не е така. Колку е групата поголема, толку е поголема и опасноста некој да донесе вирус и да ги зарази останатите.

Притисокот на родителите да работат и да ги оставаат децата во градинка, дури и кога се болни, е голем. Тоа е крајно неетички кон другите деца, а не е добро ниту за детето кое болно е ставено во колектив. Болното дете за многу брзо време ќе ги зарази децата од групата, но и само ќе биде во опасност да закачи некоја нова инфекција од друго болно дете кое е исто така доведено во градинка.

Постои општо прифатен став дека децата кои имаат растечено носе, поткашлуваат по малку и немаат покачена телесна температура се во добра здравствена состојба и можат да одат во градинка. Тоа се обични вируси и се работи за банални настинки, па размената на вируси е прифатлива заради имунизација на децата. Секако, тоа не важи за децата кои имаат покачена температура, но ниту за деца кои упорно и без престан кашлаат.

 

Можеби причината лежи во лошата хигиена во колективите?

Се случува и тоа, но хигиенската стуација во градинките е сепак далеку подобра од порано. Контролите се поригорозни но и свеста за одржување на хигиената е на повисоко ниво.

За жал и понатаму има градинки каде децата користат една крпа за бришење, каде денес спијат во едно, а утре во друго креветче, а играат на теписони кои се стари колку и воспитувачките, па можете да замислите што се' има во нив.

 

Дали и игротеките се расадници на вируси?

За жал често се. Сепак, игротеките не се виновни, туку родителите кои ги носат болните деца да се забавуваат. Игротеките се навистина рај за децата, но и за мајките кои се забавуваат низ кафе и разговор додека децата си играат. Но кога болното дете ќе дојде во игротека тоа веднаш шири микроорганизми околу себе кои стигнуваат на подот, но и на играчките со кои потоа си играат здравите деца. Со скокањето се подигнува прашина која е богата со вируси па инфекцијата се шири брзо и лесно.

 

Можеби проблемот е во неадекватната исхрана на децата?

Добрата исхрана богата со хранливи материи и витамини е најдобар стимулатор на имунитетот. Ако децата се хранат на неадекватен начин тоа им ја намалува одбрамбената способност, па полесно се разболуваат.

Сведоци сме на преплавеноста со брза храна. Родителите се презафатени, често немаат време на децата да им приготват храна, па им е полесно да им донесат брза храна. На секој чекор има грицки кои често го заменуваат оброкот на децата, а расте и потрошувачката на сокови кои се полни со шеќер.  Сето тоа влијае на дебелеење на децата и на ослабување на нивниот  имунитет.

 

Дали и возрасните носат зарази дома?

Погледнете го некогаш своето грло. Ќе видте дека е црвено, а Вие не чувствувате. Тоа се вируси на кои одамна сме навикнале, но кои на малите деца можат да им донесат болест. Ние можеме понекогаш на децата да им пренесеме вирус, но тоа не е причина за пораст на инфекциите кај децата.

 

 

Дали постои решение?

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
4
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
4
Педијатарот и родителите
Педијатарот, секогаш за свои партнери ги има родителите бидејќи имаат заеднички интерес, а тоа е здравјето на детето
4
Претоплувањето на децата е опасно!
Прекумерната топлина не е помалку опасна од студот и тоа треба да го знаат сите родители. Битно е да одржувате оптимална...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?