|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да ги преживеете летните горештини со бебе?

Редакција Рингераја, 4.6.2015
Ако е лето, а вие имате мало бебе и притоа живеете во град, не сте во добра ситуација. Уште ако бебето е родено во најголемите горештини. Како да преживеете?

image
/11


 

Бебето на возраст од 6 недели нема развиен центар за терморегулација, па може да се прегрее на големи горештини. Погрижете се да биде сместено во просторија со добра изолација од сонце.

 

Дали се препорачува клима-уред во собата од бебето?

Добро е да е станот климатизиран и температурата во него да не биде поголема од 28 степени, но никако не е добро клима уредот да  биде вклучен во собата во која престојува бебето, бидејќи сигурно ќе настине.

 

Дали бебето треба да пие вода во лето?

Ако бебето е на ексклузивно доење, не мора да пие вода, но не е забрането. Доколку сака, може понекогаш да пие вода меѓу два подои. Но ако е бебето да вештачка храна, треба да пие вода 2-3 пати дневно.

Доколку патувате, секогаш треба да имате подготвено вода за бебето.  Користете флаширана или преварена вода.

 

Како да ја заштитите кожата на бебето од штетните сончеви зраци?

Единствена корист од сончевите зраци за бебето е создавањето на витамин Д во кожата. Кожата на бебето е нежна и танка, па сонцето повеќе и штети отколку што и користи.

УВ зрачењето е многу штетно, па бебето треба да го заштитите добро: користете крем со заштитен фактор (UVA и UVB) со фактор минимум 50 и нанесете го на кожата на бебето половина час пред да излегувате. На секои два часа бебето повторно се мачка со крем.

Многу ретка појава се изгореници од сонце кај бебињата бидејќи не одат самостојно, а родителите ги чуваат подалеку од сончевите зраци. Сепак имајте покрај себе Јекодерм, или некој друг препарат против изгореници.

Не заборавајте на шеширот – бебето мора да го носи постојано додека е надвор. Шеширот ја штити главата од претоплување и очите од УВ зрачење.

 

Дали бебето треба да се носи на море?

На плажите покрај море обично има голема гужва. Доколку бебето го капите во морската вода, тоа може да проголта одредена количина вода, која може да биде загадена, па да добие стомачен вирус со стомачни болки и температура..

По капењето во морската вода, бебето треба да се истушира, за да се отстрани солта од неговата кожа. Бебето не смее да биде изложено на сонце од 10-17 часот и треба да биде во ладовина.

Внимавајте на дневниот ритам. Бебето треба да  биде нахрането навреме и да спие во ист ритам како дома, за да биде спокојно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чувство на вина кај мајките. Како да се ос...
Мајчинството е полно со радости, но и со предизвици кои често носат чувство на вина.
6
Домашни обврски со бебе?
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска мисија. Самото подготвување ручек или фрлање ѓубре п...
3
Изненадувања од Лино: Собери ги сите 5 Лин...
Магичниот Лино свет на игри, дружење и добра забава сега станува уште позабавен! Покрај тоа што се фини и вкусни, Lino C...
3
Кога бебињата престануваат да ставаат се в...
Тоа може да биде омиленото плишано животно, ладна гума за гризење, па дури и играчката на кучето...сите тие имаат начин ...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?