|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Изложба на Филип, деветгодишното момче со аутизам

Во мојот свет, 11.12.2022
Уметноста појака од аутизмот. Изложба на деветгодишниот Филип со дела кои ќе ве остават без зборови

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Скопје, 09.12.2022 - Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот - Филип Циглењак Симоновски од Скопје сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање ги проширил границите на својот свет ограничен со фактот дека тој е - момче со аутизам.

Филип е редовен ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а од своја четиригодишна возраст сосема случајно почнува да слика акрил на платно. Оттогаш неговите слики чии најчест мотив е природата зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции.

Во среда (14.12.2022), во 11 часот во организација на ЈУ. Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб околу 40 уметнички дела на Филип ќе бидат изложени во ЈУ. Детски културен центар - „Карпош“.

Со оваа изложба, Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен. Цртањето и сликањето се всушност еден вид невербална комуникација, па така Филип преку неговите уметнички дела на вистински начин го изразува своето внатрешно битие со околината која со интерес ја следи неговата креативност.

Преку уметничкото творештво и јавното прикажување на создадените дела на децата со аутизам, можно е да се промени перцепцијата и да се помести утврдениот фокус на типичната популација: - За промена, да ставиме акцент на она што можеме да го направиме, наместо на постојано наведувајќи сè што аутизмот го прави тешко или „невозможно“.

1

 

2

 

3

 

4

 

5

 

6

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одложени редовни прегледи на Дет. Клиника ...
Лекарите велат дека не е добро да се изложуваат на ризик од зараза со грип или морбили децата што во моментов се здрави,...
6
Зошто, зошто и пак зошто?
Ние возрасните си мислиме дека знаеме сe. Секојдневно сме бомбардирани со информации од интернет и од медиумите, а во ра...
4
Јас сум КУЛ МАЈКА ~ а можеш да бидеш и ти
Сите другарки на ќерка ми ми велат дека сум кул мајка. Ги правам најубавите забави за спиење, имам најкул нокти и разли...
4
Миењето раце - најважна работа
Родителите треба да знаат дека многу хигиенски навики се развиваат уште додека децата се мали, па така со време ќе стан...
4




Анкета

Кое име е подобро
Gringo

Се двоумиме :) ова ни е прво бебче

Павлинка (8%)

Павлина (28%)

Паола (64%)


Број на сите гласови: 148

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!