vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Некој си прочуен арамија слушнал за итроштините на Пејo итроманецот и решил да го испроба во својот арамиски занает. Го нашол еден ден во чаршија и му предложил да го научи да краде.
- Добро -му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе, и тргнал со арамијата.
Подкраднале што подкраднале ситни работи по чаршијата и отишле в село. И тука украле по некое јагне, јаре, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пејо и за оваа работа па решил да го подложи на најзрел испит:
- Знаеш што Пејо? Ти го испече до некаде мојот занает , но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам , па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот . Ене онде на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката. Гледај ти како ќе ги украдам јајцата, а да не сети страчката и да летне.
Се качил стариот арамија, го продупил седелото одоздола и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне. Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека му ги извадил , та слегол и ги скрил во трњето крај врбата. Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол:
-Дај ми ги Пејо бечвите и оди ми си со здравје. Го положи и овој испит одлично.
Така Пејо добил уште еден занает, но никогаш со него не се користел затоа што не бил арамија по душа.
Адаптирал: Синадиноска Барбара
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...