|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Големо финале на Веселата Училница со Маша и Медо

ИК Култура, 5.6.2015
По Битола, Охрид, Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Велес, време е за големата завршница на детскиот едукативен караван на мултимедијалниот проект “Весела училница со Маша и Медо”, во Скопје на 7ми јуни (недела) во МОБ

image
/11


 

Поради големиот интерес, во Скопје ќе се одржат две претстави. Првата на 7ми јуни од 12 часот, а втората истиот ден од 15 часот. Училишниот двор на “Еуролинк” ќе биде поставен во фоајето на МОБ од 11 часот, во него дечињата ќе може да се фотографираат со картолина Маша и Медо, но и активно да учествуваат во низа интерактивни игри, од кои особено интересна е "Не лути се Доми", каде децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра "Не лути се човече".

Цените изнесуваат 150 денари за една влезница со подарок една боенка, со која резервирате само едно седиште во салата. Седиштата ќе бидат нумерирани.

 

Весела училница со Маша и Медо“ е мултимедијален проект со едукативен карактер, зад кој се потпишуваат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“ во соработка со „Еуролинк осигурување“. Станува збор за интересен спој на театарска игра, игра на сенки, анимации и видеа наменети за деца од предучилишна и рана школска возраст, инспирирани од вечниот страв на децата од започнување на училиштето.

Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителката, учениците, полицаецот, Марко, Соња, Бошко Лошко, Џеронимо и  Маша и Медо, децата од најрана возраст да се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од  Марко Новески, Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.


Издавачката куќа „Култура“ оваа претстава ја подржува како дел од целата промотивна кампања за едицијата „Маша и Медо“ која брои 5 боенки, 8 сликовници и 2 интерактивни сликовници на македонски и албански јазик, за која ги има авторски права за Македонија. „Изданијата особено се популарни кај македонската публика. Светскиот успех ја покажува силата и потенцијалот на Маша и Медо. Приказните се издвојуваат како нешто оригинално и иновативно и едновремено и ги забавуваат и ги едуцираат децата за вредноста на вистинското пријателство, грижата, слободата и креативноста на еден забавен и ненаметлив начин. Публиката насекаде во светот позитивно реагира на тоа, што создава многу силна платформа за лиценцирање“, изјави Ана Ќовкарова директор на ИК „Култура“.

Со промотивното прикажување во 2009-та година, „Маша и Медо“ за брзо време стана една од најпопуларните анимирани серии за деца во Русија, а денес се прикажува во над 100 земји во целиот свет. Освен серијата, под лиценцата Маша и Медо се и книги со приказни, боенки, брендирани играчки, ранци и училишен прибор, украси, друштвени игри и акцесоари.

 

Караванот “Весела училница со Маша и Медо” во организација на продукција “Сцена” и издавачка куќа “Култура”, досега го посетија повеќе од 4000 дечиња во 6 градови низ Македонија.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Голем хуманитарен концерт со македонските ...
Хуманитарен концерт со ЛЕБ И СОЛ, НОКАУТ, ИГОР ЏАМБАЗОВ, БЕНИ & НОН СТОП, ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ за лекување на Боро Стајиќ
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?