|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детски хороскоп: Дете Бик

Редакција Рингераја, 19.2.2015
Мили, талентирани, емотивни...Како да одгледувате дете родено во знакот на Бик?
Клучни зборови:

image
/11


 

Хороскопскиот знак во голема мера го одредува однесувањето на детето и тоа од неговото раѓање па се до поголема возраст.

 

 Од 0-2 години

Малиот, тукушто роден венеријанец, односно бебето во знакот на Бик, ќе биде ретко мило и нежно бебе. Од секоја нежност која ќе можете да му ја дадете, најголема важност има допирот – и тоа по вратот, грбот и стомакот. Секоја вознемиреност, нагло будење или било каква друга реакција, ќе исчезне во вашата прегратка. Нека околу вашето бебе има поглед на цвеќиња, зеленило, некоја убава слика со нежни бои...ќе обожава да го гледа тоа, долго и занесено.

Музиката може да биде од голема помош. Овие мали хедонисти уживаат во убавината и складот, па затоа пуштајте им класична, амбиентална и релаксирачка музика. Малите Бикови сакаат да јадат и обожуваат слатко. Заради тоа ваша обврска е да го научите детето и на други вкусови, како и на производи кои ќе воспостават рамнотежа и добро здравје во неговиот организам, а исто така  и од енормно зголемување на тежината, кон што се склони малите Бикови.

Нема да бидат најбрзи и највешти кога ќе проодат, но ќе направат чекор кога ќе бидат стабилни и сигурни во него. Ќе бидете изненадени од тоа колку рано овие деца ќе имаат омилена боја, кукла, автомобил, облека. Нивниот вкус е нивно обележје, затоа треба да ги пуштите самостојно да се развиваат. Сонот во главно им е добар. Купката со пријатен мирис, како и пеењето песни за заспивање им дава чувство на опуштеност и позитивно влијае на нивниот раст и развој.

 

Од 2-4 години

Разговорот со вас во текот на секоја ваша активност  ќе биде скапоцен во воспитувањето на детето Бик. Неговите чувства се толку рафинирани што дури и тоновите и емоциите влијаат на него, како да има детектор за вашите чувства. заради Венера, малите припадници на овој знак тежнеат кон склад и хармонија, не сакаат грубост ниту повисок тон, чувствителни се на невнимание и неправда. заради тоа секогаш бидете свесни за нивните потреби. Во овој период почнува да излегува на површина природата на Венера и желбата за поседување. Заради тоа ќе направите непростлива грешка, ако нешто што му припаѓа на вашето дете му го дадете на друго дете, ако претходно не го замолите убаво. За него е многу важен и престојот во природа, бидејќи многу сака животни.

 

Од 4-6 години

Вашето слатко дете, со дупчињата на образите и насмевката која разоружува, лесно ќе го сврти вниманието врз себе, насекаде каде што ќе се појави.Во овој опериод лесно ќе започнува разговор со родителите на другарчињата од градинка, или да се спријатели со бабата од соседството. Клучен е моментот што ќе сака на сите да му се допадне. Најмногу ќе го интересира учењето за природата и природните појави, животните и растенијата. Потрудете се да не му давате површни одговори, бидејќи кога нешто запознава, сака тоа да биде во потполност. Уметноста е поле во кое сјајно се чувствува. Неговите изработки секогаш ќе бидат изложени, а учителката ќе ги фали неговите таленти.

Детето Бик нема да освојува рекорди во учењето, но ќе биде постојано и темелно, а тоа што ќе го научи – ќе биде усвоено трајно. Почитувајте ги неговите избори, но немојте да го разгалите, бидејќи во овој период на површина излегува неговата тврдоглавост и непопустливост. Во своето обожување морате да поставите јасни граници, бидејќи во спротивно ќе бара да му угодувате и да ја исполнувате секоја негова желба. Важно е да го сакате вашето дете на еден здрав и одмерен начин.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 начини да поминете повеќе квалитетно вре...
Во динамичното секојдневие, многу родители се соочуваат со предизвикот како да најдат доволно време за своите деца.
5
Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
4
Како крлежите стигнуваат до децата?
Штом затопли – ете ги крлежите! Тие се потенцијални преносители на заразни болести, па не е лошо да научиме да се зашти...
4
Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
4




Анкета

koe ime e poubavo
mamicka77

koe ime e poubavo

EVA (51%)

ANJA (49%)


Број на сите гласови: 240

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!