vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што е кариес на забите и заболување на непцата. Загрижувачки е податокот дека е се поголем бројот и на деца кои недоволно водат грижа за своите заби. Токму затоа за да ги едуцираат децата за навремена и правилна нега на забите, главниот лик на кампањата „Патот до здрави заби“ Четко Четковски и Лакалут ќе посетат повеќе детски градинки, и ќе се дружат со децата.
Четко за таа цел преку интересна и интерактивна претстава ги информираше децата што се предностите да се имаат здрави заби, и колку е важно да се грижиме за нив.
Здравите заби им овозможуваат на децата да зборуваат, да се смеат, да јадат и да вршат други функции во текот на детството а и понатаму во животот, но исто така ја зголемува социјалната интеракција и самодовербата. Спротивно нездравите заби може потенцијално да доведат до социјална изолација, каде што децата избегнуваат да се смеат и комуницираат со останатите, заради чувството на срам поради нивните заби и перцепцијата на луѓето за нивното орално здравје.
Кампањата „Патот до здрави заби“ која е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут, повторно е активна. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-2 години, 0-4, 2-6, 4-8 и 6+ 8+ возраст. Децата во градинката Буба Мара во Ново Лисиче веќе се дружеа со Четко Четковски, и подоле се слики од атмосферата.
А следат дружби во градинка Срничка (локација Аеродром до училиште Ѓоргија Пулевски) – на 12.05.2022 (четврток), во градинка Светот на Колорес (локација Карпош кај Педагошки факулет)- 16.05.2022 (понеделник); Градинка 13 Ноември (локација центар кај уметничко средно) – 25.05.2022 (среда); Градинка Пиколини (локација Карпош 4) – 27.05.2022 (петок).

4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Редослед на воведување зеленчук кај бебињата
Кога бебето ќе започне со дохрана, родителите често се прашуваат со ко...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...