|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Царскиот рез по желба во последно време се практикува повеќе од кога било, но тоа не значи дека и вие треба да побарате породување со таков зафат
Клучни зборови:

image
/11


 

Изборот на оперативно породување, кога тоа не е потребно од медицинска гледна точка, не е решение кое треба да се земе со лесна рака (и дефинитивно не треба да го земате според мода). Потребно е со вашиот гинеколог да поразговараме и детално да ги разгледате  добрите и лошите страни. Ако се плашите од болката при вагиналното раѓање, имајте на ум дека царскиот рез не е единствениот начин да родите без болка. Постојат многу ефикасни опции за ублажување на болката при нормално породување. Ако се грижите од последиците кај вагиналното раѓање -  не заборавајте дека редовните вежби за мускулите на вагината (вежбите на Кегел), значително го намалуваат ризикот од овие последици. Нешто повеќе - веројатноста вагиналното раѓање да ви создаде проблем со уринирањето (ненамерно испуштање на урина на пример) не е поголема отколку кај царскиот рез.  Ако се надевате да родите во удобен за вас момент, нужно е да се земево  предвид  долгото време за обнова и подолгиот престој во болницата, како и зголемениот ризик за вас и за вашето бебе, ако изберете царски рез. Ако сакате да имате и друго дете, постои веројатност лекарите да не ви дозволат да изберете вагинално породување.

Најчестите причини за планирано (по медицински причини) царски рез се:
- Претходен царски рез.
- Кога се смета дека главата на плодот е премногу голема за да помине низ вагиналниот отвор на мајката.
- Раѓање на близнаци.
- Местоположба на фетусот.
- Болест на мајката, што го прави ризично вагиналното породување.
- Прекумерна тежина на мајката, плацента превиа или одвојување на плацентата од ѕидот на матката.

Понекогаш одлуката за царски рез се презема кога породувањето е започнато од следниве причини:
- Активностите не напредуваат или фазата на отворање е многу долга.
- Опасност за плодот.
- Испаѓање на папочната врвца.
- Кинење на матката.

Ако лекарот ви објасни дека ќе треба да се родите со царски рез - побарајте да ви ги разјасни детално причините.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
4
Како да разликувате лажни контракции од ви...
Лажните контракции (Braxton-Hicks) и вистинските, можете да разликувате многу лесно. За да ви помогнеме да се опуштите и...
4
Што е гестациски дијабетес?
Бременоста носи безброј физички и хормонални промени, некои очекувани, некои неочекувани. Една од тие промени може да би...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?