vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во Македонија во последно време се отворени неколку аква паркови, така што ова лето можете да избирате каде ќе го носите детето на добра забава.
Во прилог се неколку совети како да се забавувате што подобро и да спречите непријатни ситуации:
- Гледајте да стигнете во Аква паркот што порано за да ја избегнете гужвата и да фатите добро место во ладовина или под чадор.
- Ако можете да избирате место со лежалки гледајте тоа да биде таму каде што очекувате дека Вашите деца ќе поминат најмногу време. Тоа секако ќе биде во близина на плитките базени и малиот тобоган.
- Опремете ги децата со гумени обувки, или обувки за во вода. Околу базенот обично се ставаат рапави плочки на кои детето не може да се лизне, но подобро е и Вие да го осигурате детето од паѓање.
- Неопходни работи за детето и за Вас: доволно вода, заштитен крем за сончање, резервни купачи, шешир и крпа.
- Секогаш држете ги децата на око, посебно ако има гужва во базенот и без оглед на тоа колку добри пливачи се. Може да се случи некој ненамерно да ги удри во вода, или да се слизнат. Ако се спуштаат по тобоган, бидете секогаш во близина кога ќе паѓаат во вода.
- Најдобар начин своите деца лесно да ги најдете во гужвата е да им ставите купачи со дречлива боја.
- Проверете на кои тобогани смее да се спушта Вашето дете, а на кои не. На сите поголеми тобогани од безбедносни причини е назначена долната старосна граница, или минималната висина на детето. По тобоган децата никогаш не смеат да се спуштаат со главата надолу!
- Внесувајте доволно течности и Вие и децата. Потрудете се да испиете по една чаша вода на секој час.
- Правете подолги паузи од директно изложување на сонце за да избегнете сончаница. Додека се во вода, главите на децата им се постојано на сонце.
- Мачкајте ги децата со заштитен крем за сончање. Носето, вратот и рамената мачкајте ги на секои два часа. Почекајте кожата да го впие кремот пред повторно да го пуштите детето во вода.
- Ако останувате цел ден испланирајте ги оброците, без оглед на тоа дали ќе ручате во ресторанот или ќе носите храна од дома. Спортувањето во вода отвора апетит, па подобро земете овошје за ужина, отколку грицки и колачи.
- Внимавајте на своите работи. Најдобро е документите, клучевите од колата и останатите вредни работи, да ги ставите во шкафче кое се заклучува. Ако тоа не Ви е на располагање, погрижете се тие работи да Ви бидат под око.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?