Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Штипјанката Снежана Љуботенска која има дијабетес тип 1, а се наоѓа во петтиот месец од бременоста има итна потреба од инсулините „новорапид“ и „левемир“, бидејќи доколку не ги добие или пак ја промени терапијата со други видови инсулин ќе го стави во животна опасност и сопственото, но и здравјето на бебето кое го носи.
Заради тоа, Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија, Баланс МК, апелира до сите институции и организации во Република Македонија кои се директно инволвирани во инсулинската криза во државата, а посебно до Министерството за здравство, согласно законските прописи, да овозможат постапка за донација на овие видови инсулини.
Со ова, како што нагласуваат од Асоцијацијата, ќе се превенираат штети по нејзиното здравје и здравјето на бебето.
- Со оглед на фактот што во нашата Асоцијација веќе евидентиравме повеќе барање, пред се, од родители на деца со дијабет тип 1 коишто исто така бараат дополнителни количества од инсулините „новорапид“ и „левемир“, апелираме до Министерството за здравство преку своите механизми да овозможи истите тие да дојдат во рацете на оние на кои им се најпотребни, односно како на возрасните, така и на децата со дијабет тип 1 - велат од Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија.
6
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е навистина предоцна за прегледи за забременување?
Кога една жена или пар се обидуваат да зачнат, секој месец се чувствув...
Како да се подготвиш за третиот триместар?
Третиот триместар е период кога возбудата расте, телото се менува побр...
Фотографирањето на бебето е многу повеќе од едно преслатко кликање на ...
Како да спречите детето да користи лоши зборови?
Кога детето првпат ќе изговори лош збор, родителите најчесто се шокира...
По породувањето, женското тело минува низ вистинска хормонална „револу...