|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кошмарот кој се претвори во бајковит сон
Автор: Elena Janeva | 28.7.2020
Секогаш кога сум помислувала на дете, првото нешто што ми доаѓаше на ум беше доењето. Толку бајковито, толку интимно, толку слатко, едноставно ти ги разбудува сите емоции и инстинкти. Но, како и се во животот, патот до успехот е трнлив и тежок. Исто и со доењето. Моментот кога ја добив Ана Марија после породувањето, знаев дека ќе ја дојам. Сакав да ја дојам! Подоцна сите ми кажуваа дека да не сакав да дојам никогаш немаше да го издржам тоа мачење. Не знаев дека со царски рез млекото доага подоцна, болниците како болници, не се спремни да ни излезат во пресрет, би рекла не се кадри. Чест на исклучоците. Млекото дојде, пресреќна! Знаев само дека треба да ја ставам на града - толку. Доволно било за млекото да надојде, но како прворотка градите не ми беа меки. Напротив, тврди, и болни. Во болницата дозволија да добијам мастит, наместо да ме научат како правилно да го надојам бебето. Си отидов дома со рани на брадавиците, тврди гради, модрици од невештите сестри и желба веднаш да прекинам со таа голгота. Сонував за моментот кога ќе отидам дома и правец во аптека по формула. За среќа го запознав вистинскиот човек во вистинското време. Патронажната сестра која ги заслужува сите пофалби и почести. Таа ме научи како да се измолзам, деноноќно се масирав за да ги омекнам градите. Бебето плаче непрестано, нормално помислуваш дека е гладно. Имаше жолтица па не можеше да извлече убаво и секако градите беа премногу тврди за да повлече. Сето тоа допринесе до рагади на брадавицата на левата града со што не можев од болка да дојам. Се доевме само од десната града а левата ја стимулирав за да не прекине млекото. Не знаев што е понапорно, целиот тој процес на масажи и молзење или гледањето на детето. Неспиена, небањата, нејадена, нервозна, раздразлива. Немаше ни една позитивна работа поврзана со доењето. Ама нешто ме тераше да не се откажам, и тоа и се случи. Иако првата недела не напредуваше доволно, мајчинскиот инстинкт ме тераше да сум упорна. Додека ја раскажувам оваа приказна, сеуште го преживувам истото- болка, бес, но и среќа бидејќи сме успешна приказна. Ана Марија е страствен цицач, не можам да замислам како би било да не би ја доела. Таа емоција, интима, близина не може да се спореди со ништо на светот. Кога се доиме како светот да се врти околу нас две. Мирисот на нејзиното главче, нејзината смиреност на града, нејзините очи кои го проектираат цел мој свет. Се прашувам дали ќе беше истото доколу се одлучев за формула. Уште од сега психички се подготвувам за денот кога ќе престанеме да се доиме, но дотогаш ќе уживам во секој момент поминат со неа. Да доиш е закон, а секоја упорност дава плод. Верувајте мајката природа е чудо, секогаш си наоѓа пат да успее а доењето е едно од нејзините чуда. Упорност, желба и трпение мајки - it’s that simple ❤️




Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар





Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?