Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
|
Конечно успеав❤ Автор: Наташа Јорданова Ставроб | 28.7.2020
Првата бременост ми беше лесна, но потешкотиите дојдоа подоцна. Никој не ми кажа да се спремам за доење, никој не ми кажа дека имам мали и рамни брадавици... и се породив и хаос. Ми го дадоа бебето и сама како сум го ставала на града погрешно, рани ме направи. Солзи и болка еден тон. Има нема млеко, бебе лакомо сака да јаде... машала 4 кгр. се роди. И си почнавме со вештачко, повеќе течеше си ја одбра цуцлата. Немав поим дека кај сите е исто, дека млеко отпосле надоаѓа и додека се освестив таа на големо се хранеше од шишенце, јас се одмолзував оти сега веќе ја мрзеше да влече. Но, сега поучена од претходно се што може да се прочита најдов за доењето. Се вооружав со силиконски брадавици, бидејќи имаат отвор за кожа на кожа, пумпа за одмолзување, ланолин за брадавките и д3. И се породив иста ситуација, големо бебе лакомо... но овојпат јас бев поборбена. Побарав ад и давав со шприц. Млеко ми дојде дури 6 дена подоцна. Бебето постојано ми беше на града, адаптирано млеко му давав колку да не биде нервозно и да не паѓа на тежина. Водевме ептен голема борба, рани по брадавиците имав повторно. Еднаш ќе ја средам да нема па на другата ќе се јават. Којзнае колку ги плашев комшиите кога викав кога ќе зацицаше, тоа беше болка до таван. По цели ноќи цицавме, се случуваше по 2 часа да трае подојот ноќе. Бев здрвена од лежење, да не се изместам да не прекине. И успеав, надојде млеко. Првите 2 недели напредна само 100 гр. Беше и на адаптирано млеко и на цицање. Но потоа третата недела го тргнав вештачкото и на секое барање одма цице и успеавме. Убаво млеко ми надојде дури 14 ден. И сега сме 2 и пол месеци, пресреќна сум што го дојам. Почнува сега да се смее да се гали. Знае кога е за цице. Поинаква е поврзаноста. И криво ми е за првото дете, колку ли пропуштило. Вештачкото на саат... а ова е кога сака и колку сака... близината да не ја спомнувам. Грчевите ги поминавме на града, го смируваше... и на 500 степени тоа се тутка и се пика кај што му мириса на млекце😁. Искрено од срце им препорачувам на сите да дојат, полесно и попрактично... а за љубов еден тон и гушкање и насмевки да ти се стопи срцето.
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?